На 28-29.09.2024 година во хотелот "Струшки Галеб" во Струга, во организација на Мобилност Македонија, беше одржано триесеттото јубилејно издание на Републичкиот квиз натпревар на лицата со телесен инвалидитет на Македонија, на кој учество зедоа 16 екипи од здружените членки на сојузот.
Во фер и коректна борба пропратена со изобилство на знаење и точни одговори, најдобар успех и титула "шампион на знаење за 2024 година" ја освои екипата на Мобилност Скопје 2 во состав Христина Просковска, Игор Николовски и Шериф Шерифовски кои освоија 99 поени, второто место му припадна на Мобилност Куманово кое го претставуваше Страшко Коцевски кој освои 68 поени, додека третото место го освои Мобилност Велес во состав Зоран Димов и Владо Владов кои освоија 60 поени. На четвртото место се пласира екипата на Мобилност Тетово во состав Веле Јаќимовски, Драге Маркоски и Виктор Дамјановски кои освоија 30 поени.
Мобилност Македонија во соработка со УНДП ја развива соработката во однос на самовработување на лицата со телесен инвалидитет преку соодветни програми. Доколку сте заинтересирани да организираме обука за заинтересираните членови, ве молиме да се најавите во канцеларијата на Мобилност Македонија или даоставите порака во коментар.
Повикот од УНДП ви го пренесуваме во целост:
Дали сакате да бидете претприемач и да имате свој бизнис? Имате желба да се обидете да водите своја фирма, но не знаете каква поддршка може да очекувате?
5. Септември е прогласен за Меѓународен ден на лицата со повреда на 'рбетот.
Овој ден се одбележува за да се истакнат важните аспекти од живот на лицата со повреда на 'рбетот низ историјата.
Меѓународното здружение на лица со повреди на 'рбетот (ISCoS) одлучи секоја година на 5. Септември се одбележува „Денот на лицата со повреди на 'рбетот“ со цел да се зголеми свеста на пошироката јавност. Се претпоставува дека со зголемувањето на свеста ќе се олесни инклузивниот живот на лицата со инвалидбост и ќе се обезбедат поголеми шанси за успех на превентивните програми.