НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА     

Mobile menu

За нас

Претставници на Собрание на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија, мандат 2019-2023 година

  1. Дејан Ѓорѓиевски - Мобилност Скопје                 
  2. Жарко Петковски – Мобилност Скопје                            
  3. Горан Спасов - Мобилност Скопје                                   
  4. Јелена Трајковиќ - Мобилност Скопје      
  5. Горан Стојчески - Мобилност Скопје                 
  6. Душко Јанаќиевски - Мобилност Скопје            
  7. Јоле Ѓурчиновски - Мобилност Скопје                            
  8. Драгана Стоилковиќ-Мобилност Куманово
  9. Бранимир Јовановски – Мобилност Куманово    
  10. Елица Трпковска – Мобилност Штип                   
  11. Тоде Арсов – Мобилност Штип                            
  12. Лидија Успрцова – Мобилност Штип                  
  13. Горан Војновски – Мобилност Кочани                
  14. Василчо Илиjев – Мобилност Кочани                              
  15. Георги Питов – Мобилност Св.Николе     
  16. Сузана Николова – Мобилност Радовиш            
  17. Никола Пеев – Мобилност Гевгелија        
  18. Дивна Таневска – Мобилност Струмица              
  19. Љубица Боевска – Мобилност Струмица
  20. Михајло Михајлов – Мобилност Кавадарци        
  21. Горан Здравков – Мобилност Велес                      
  22. Стеван Ангелевски – Мобилност Прилеп            
  23. Ѓорѓи Здравески – Мобилност Прилеп                 
  24. Влатко Најдоски – Мобилност Прилеп                
  25. Нико Јанков – Мобилност Битола                         
  26. Митко Фидановски – Мобилност Битола            
  27. Лидија Велјановска – Мобилност Битола
  28. Сотир Јоновски – Мобилност Битола                   
  29. Небојша Пејоски – Мобилност Струга    
  30. Буран Бала – Мобилност Дебар                
  31. Бобан Јордановски – Мобилност Кичево
  32. ВелиборЈаќимовски – Мобилност Тетово
  1. Павле Филиповски –Мобилност Тетово и Гостивар
  2. Авни Хисмани – Мобилност Тетово и Гостивар

Националниот сојуз на лицата со телесен инвалидитет на Македонија - МОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА е формиран 1986 година како национална инвалидска организација на лицата со телесен инвалидитет на Македонија, која има за задача да ги претставува и застапува лицата со телесен инвалидитет и нивните интереси во комуникација со државните органи во Република Македонија, како и на меѓународно ниво. Во согласност со прописите, предлага претставници на лицата со телесен инвалидитет во работните тела во државните органи кои ги третираат прашањата во врска со лицата со инвалидитет.

Во Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија - МОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА се здружени 17 општински, меѓуопштински и градското здружение на лицата со телесен инвалидитет на Македонија, како колективни членови, а со тоа и лицата со телесен инвалидитет на целата територија на Република Македонија, како индивидуални членови, во една заедничка организација, заради остварување и заштита на нивните здравствени, економски, социјални, културни, образовни, спортски и други права, интереси и уверувања во согласност со Уставот и законот.

Членувањето во МОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА може да биде редовно, вонредно и почесно.

Редовен член на МОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА може да биде секој граѓанин државјанин на Република Македонија кој има пречки во мобилноста поради телесен инвалидитет предизвикан од параплегија, дистрофија, ампутација на екстремитет, детска парализа, мултипла склероза и други невро мускулни или коскени заболувања, ако му се сочувани менталните способности и ако не е член на друго здружение или асоцијација со исти или слични цели и задачи, кој доброволно ќе пристапи кон МОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА со потпишување на пристапница.

Вонреден член може да биде секој граѓанин државјанин на Република Македонија кој може и сака со својата работа да придонесе кон остварување на целите и задачите кој, по предходна одлука на Управниот одбор за прием за вонреден член, доброволно ќе пристапи кон МОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА со потпишување на пристапница за вонредно членство.

Почесен член може да биде граѓанин државјанин на Република Македонија кој има посебни заслуги во остварувањето на целите и задачите и кој, по претходна  одлука на Управниот одбор доброволно ќе пристапи кон МОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА со потпишување на пристапница за почесно членство.

Цели на МОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА се:

- да ги открива, евидентира и вклучува во МОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА лицата со телесен инвалидитет;

- учество во креирањето на политики на национално ниво за сите прашања поврзани со лицата со телесен инвалидитет;

- иницирање и предлагање до надлежните органи измени и дополнувања на законите и другите прописи со кои се уредува положбата на лицата со телесен инвалидитет;

- отстранување на урбанистички, архитектонски и сообраќајни бариери заради непречено движење и пристап на лицата со телесен инвалидитет во јавниот сообраќај, јавни објекти, станбени и други објекти;

- да помага при набавка на ортопедски и други помагала, санитетски средства и лекови за лицата со телесен инвалидитет;

- дава помош на лицата со телесен инвалидитет и нивните семејства во остварување на законските права на социјална, економска, здравствена и друга заштита;

- се грижи за целосна вклученост во општеството и во секојдневниот живот на лицата со телесен инвалидитет,

- недискриминација и поттикнување на лицата со телесен инвалидитет да се потпираат на сопствените сили и способности

- автономност на лицата со телесен инвалидитет како корисници на услуги;

- економска, социјална, здравствена и правна заштита на лицата со телесен инвалидитет;

- социјална правда и социјална сигурност на лицата со телесен инвалидитет;

- да дејствува и работи на планот на унапредување и усовршување на системот на рехабилитација, образование, вработување и заштита на лицата со телесен инвалидитет;

- создавање услови за сместување и згрижување на лицата со телесен инвалидитет кои немаат услови за сместување и живеење во семејството;

- организирање одмор, закрепнување и рекреација на лицата со телесен инвалидитет;

- организирање културно забавни активности и развивање и помагање на сите видови културно уметничко творештво на лицата со телесен инвалидитет;

- вршење информативна и издавачка дејност во врска со целите и задачите;

- превентивно делување на спречување и настанување на разни видови телесен инвалидитет;

- соработување, зачленување или поврзување со други организации во земјата;

- соработување, зачленување или поврзување со меѓународни организации;

- обезбедување на просторни, материјални, кадровски и финансиски услови на работа на МОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА и здруженијата;

- други цели утврдени со Програмата за работа.

Управниот одбор на Мобилност Македонија брои 11 члена кои ги избира Собранието како највисок орган на организацијата.

Членови на Управeни одбор:

Име и Презиме Здружение Контакт
Бранимир Јовановски - Претседател Куманово Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Дејан Ѓорѓиевски Скопје Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Сузана Николовска Радовиш Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Елица Трпковска Штип Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Горан Војновски Кочани  
Небојша Пејоски Струга   
Стеван Ангелески Прилеп Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Бобан Јордановски Кичево   
Нико Јанков Битола Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Велибор Јаќимовски Тетово Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Буран Бала Дебар Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Дивна Таневска Струмица  
Михајло Михајлов Кавадарци  
Горан Здравков Велес  
Никола Пеев Гевгелија  
Ѓорѓи Питов Св. Николе