Цели на МОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА се:
- да ги открива, евидентира и вклучува во МОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА лицата со телесен инвалидитет;
- учество во креирањето на политики на национално ниво за сите прашања поврзани со лицата со телесен инвалидитет;
- иницирање и предлагање до надлежните органи измени и дополнувања на законите и другите прописи со кои се уредува положбата на лицата со телесен инвалидитет;
- отстранување на урбанистички, архитектонски и сообраќајни бариери заради непречено движење и пристап на лицата со телесен инвалидитет во јавниот сообраќај, јавни објекти, станбени и други објекти;
- да помага при набавка на ортопедски и други помагала, санитетски средства и лекови за лицата со телесен инвалидитет;
- дава помош на лицата со телесен инвалидитет и нивните семејства во остварување на законските права на социјална, економска, здравствена и друга заштита;
- се грижи за целосна вклученост во општеството и во секојдневниот живот на лицата со телесен инвалидитет,
- недискриминација и поттикнување на лицата со телесен инвалидитет да се потпираат на сопствените сили и способности
- автономност на лицата со телесен инвалидитет како корисници на услуги;
- економска, социјална, здравствена и правна заштита на лицата со телесен инвалидитет;
- социјална правда и социјална сигурност на лицата со телесен инвалидитет;
- да дејствува и работи на планот на унапредување и усовршување на системот на рехабилитација, образование, вработување и заштита на лицата со телесен инвалидитет;
- создавање услови за сместување и згрижување на лицата со телесен инвалидитет кои немаат услови за сместување и живеење во семејството;
- организирање одмор, закрепнување и рекреација на лицата со телесен инвалидитет;
- организирање културно забавни активности и развивање и помагање на сите видови културно уметничко творештво на лицата со телесен инвалидитет;
- вршење информативна и издавачка дејност во врска со целите и задачите;
- превентивно делување на спречување и настанување на разни видови телесен инвалидитет;
- соработување, зачленување или поврзување со други организации во земјата;
- соработување, зачленување или поврзување со меѓународни организации;
- обезбедување на просторни, материјални, кадровски и финансиски услови на работа на МОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА и здруженијата;
- други цели утврдени со Програмата за работа.