ПРВО МЕСТО ЗА МОБИЛНОСТ ВЕЛЕС
На 22.10.2019 година во просториите на ФЗОМ се одржа работен состанок помеѓу претставниците на Мобилност Македонија, Бранимир Јовановски и Софка Прчева, Комисијата за ортопедски помагала при ФЗОМ, д-р Вера Митровска, Фатон Мемети, Весна, Марковска, Даниела Стојановска-Џинговска, и Центарот за ортотика и протетика Славеј од Скопје, Горан Чаловски.
На состанокот бевме информирани дека нашите напори и долгогодишни преговори со ФЗОМ конечно се реализираат и дека веќе е донесена одлука за измени и дополненија на Правилникот за индикации за остварување на право на ортопедски и други помагала во однос на компоненти за изработка на протези и дека се чека измените да бидат објавени во Сл.Весник на РСМ. Измените се однесуваат на воведување на хидраулични и пневматски повеќе осовински коленски зглобови за лица со надколени ампутации, едноосовинско хидраулично колено со микропроцесор (C-leg) и стопало од јаглеродни влакна за високоактивни корисници, карбонско динамично стопало за високо активни корисници, силиконска навлака за чунка (лајнер), суспензија за брзо навлекување на протеза.
Повеќе: СОСТАНОК СО КОМИСИЈАТА ЗА ОРТОПЕДСКИ ПОМАГАЛА ВО ФЗОМ
На 20.08.2019 година, во просториите на Владата на Република Северна Македонија, на покана од посебниот советник за правда, Тања Чачарова Илиевска, беше одржан работен состанок помеѓу претставниците на Мобилност Македонија, Бранимир Јовановски и Софка Прчева, директорот на ЦОП „Славеј“-Скопје, Горан Чаловски, директорите на ФЗОМ, Ден Дончев и Орхан Рамадани, директорот на сектор за финансиски прашања при фондот, Миле Сугарев, советникот на директорот на ФЗОМ за ортопедски помагала, Даниела Стојановска-Џинговска, раководителот на одделение за договори со здравствени установи, Фатон Мемети и претседателот на НКТ за имплементација на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со инвалидност, Спасе Додевски.
Повеќе: ОДРЖАН РАБОТЕН СОСТАНОК ЗА ОРТОПЕДСКИ ПОМАГАЛА ВО ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Најдобрите шахисти со телесен инвалидитет, членови на Мобилност Македонија: Јанчо Ѓорѓевски од Куманово, Тоде Зафировски од Тетово и Адем Небиу од Скопје, како и нивниот возач и асистент Дејан Ѓорѓиевски, од 23-25.08.2019 година учествуваа на 12 Меѓународно првенство на Бања Лука во шах „Бања Лука 2019“.
Нашите шахисти го освоија првото место во екипна конкуренција меѓу 8 екипи со убедлива игра без претрпен пораз, а за најдобар поединец на турнирот беше прогласен нашиот шахист Тоде Зафировски кој нанижа седум победи по ред.
Повеќе: МОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА НА МЕЃУНАРОДЕН ТУРНИР ВО ШАХ ВО БАЊА ЛУКА