БЕСПЛАТНИ ГОДИШНИ БИЛЕТИ ЗА ЧЛЕНОВИТЕ НА МОБИЛНОСТ СКОПЈЕ
На редовната седница на Советот на Град Скопје која се одржа на 23.12.2011година, беше донесена Програмата со којашто се определуваат видовите на повластено користење на јавниот градски превоз, категориите на инвалидизирани лица кои имаат право на повластено користење на јавниот градски превоз, како и условите и постапката за стекнување на тоа право . Веднаш потоа во печатените медиуми беше објавен Јавен повик до сите заинтересирани граѓани, лица со оштетен вид, лица со оштетен слух, лица со телесно оштетување, лица со интелектуална попреченост, бубрежно болни лица, инвалиди на трудот, инвалидски пензионери и воени инвалиди да го остварат правото на повластено користење на јавниот градски превоз. Ова право лицата со инвалидност можат да го остварат преку здруженијата во кои членуваат, организирани на подрачјето на градот Скопје.
Здружението на лица со телесен инвалидитет на Штип - Мобилност Штип на ден 18.12.2011 година организираше новогодишна прослава за своите членови на која поред нашите членови, присуствуваа и претседателот и генералниот секретар на Мобилност Македонија и претставници од Мобилност Скопје.
Ресторанот ,,ВАГО,, беше прекрасно уреден и украсен со безброј лампиони, светилки и други новогодишни украси, а естрадната пејачка Јулија во придружба на една од најдобрите музички групи од Штип „КОКТЕЛ-БЕНД“ се погрижи за добро расположение и веселба кај присутните.
На 14.12.2011 година во ДХО „Даре Џамбаз“ во просториите на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија беше остварена работна средба помеѓу Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиевски и претседателот на Мобилност Македонија, Бранимир Јовановски. На средбата присуствуваа и раководителот на секторот за патен сообраќај и инфраструктура при министерството, Стефче Јолаковски, и генералниот секретар на Мобилност Македонија, Софка Прчева. На наше големо задоволство, средбата помина во исклучително концизна дискусија со предлози за конкретни решенија на нашите барања.
На анонимниот конкурс за најдобри литературни творби во 2011 година објавен од страна на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија пристигнаа вкупно 16 песни, пријавени под шифри.