На 05.11.2011 година во 10 часот во „Хотел Македонија” во Тетово Мобилност Тетово и Гостивар беше домаќин на вториот републички турнир во табла на Мобилност Македонија. На турнирот беа поканети сите здруженија на Мобилност Македонија, а земаа учество 20 натпреварувачи од 8 здруженија и тоа: Мобилност Дебар еден учесник, Мобилност Кочани, Штип, Велес и Струмица по двајца учесници, Мобилност Гевгелија тројца и Мобилност Скопје и домаќинот по четворица натпреварувачи. На турнирот се играа игрите табла и апс кој прв стигне до три систем на елиминација. На турнирот прво место освои Дејан Атанасовски од Мобилност Гевгелија, второ место Илчо Кангов исто така од Мобилност Гевгелија и третото место го освои Зоран Јовановски од Мобилност Струмица. Учесниците на турнирот ги поздравија и им посакаа успешен турнир gрадоначалникот на општина Тетово Д-р Сади Беџети, пратеникот на СДСМ, г. Стојко Пауноски, и пратеничката од ВМРО ДПМНЕ г-ѓа.Светлана Карапетрова.