НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА

Mobile menu

logomob

И З В Е Ш Т А Ј

за работа на Мобилност Македонија за 2020 година

15.01.2021 година

СКОПЈЕ

Во текот на 2020 година реализацијата на Програмата за работа на Мобилност Македонија се реализираше во услови на пандемијата предизвикана од вирусот КОВИД 19, а согласно препораките на Владата и Кризниот шатаб за вонредна состојба во државата. Согласно нивните  препораки, Управниот одбор на сојузот донесе одлука вработените и волонтерите во сојузот од 01.04.2020 година до 31.05.2020 година, да работат од дома (преку мејлови, мобилни телефони и сл.),  средбите да ги ограничат на неопходен минимум, а седниците да ги одржуваат по електронски пат за да се намали можноста од зараза и ширње на вирусот.

Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија е асоцијација на повеќе од 8200 граѓани на Република Македонија – лица со телесен инвалидитет кои имаат пречки во мобилноста заради телесна инвалидност предизвикана од: параплегија, дистрофија, ампутација на екстремитети, детска парализа, церебрална парализа, мултиплекс склероза и други невро мускулни или коскени заболувања, здружени во 17 општински и меѓуопштински здруженија кои ја покриваат целата територија на Република Македонија.

            Делувањето на полето на остварување и подобрување на правата на лицата со телесен инвалидитет во Република Македонија е регулирано со Статутот на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија (во понатамошниот текст Мобилност Македонија), позитивните законски прописи, а врз основа на повеќе стратешки документи меѓу кои најзначаен е Конвенцијата на ООН за правата на лицата со инвалидност.

Мобилност Македонија во текот на целата година го ажурираше регистарот на членови по здруженија преку посебен софтвер, преку кој брзо и едноставно се филтрираат информациите за структурата на членството. Перманентно се реализираа активностите во врска со регистрацијата на членството по пат на потпишување на пристапници и издавање на членски книшки, давање помош во оставрување на права и бенефиции согласно закон, одлуки и разни програми (издавање електронски картици за ослободување од плаќање патарина, издавање годишни бесплатни слободни автобуски билети, електронски и други картици за ослободување од плаќање на паркирање, потврди за остварување бенефиции во мобилниот телефонски сообраќај, градскиот сообраќај и слично).

Во тековната година беа одржани 5 седници на Управниот одбор на сојузот од кои 4 преку зум платформа. На седниците беа поставувани, разгледувани и решавани прашања за подобрување на правата и положбата на лицата со телесен инвалидитет во државата. Управниот одбор го утврди годишниот извештај за работа, извештајот за финансиското и материјално работење, програмата за работа, извештајот за потребни средства за спроведување на програмата на сојузот и управуваше со работата и имотот на сојузот.

Се одржа една седница на Собранието на Мобилност Македонија. Седници одржаа: Надзорниот одбор, Комисиите за попис на средствата на Мобилност Македонија во Скопје и Охрид и  Уредувачкиот одбор на весникот „Мобилност“. Неколку пати се состанаа членовите на Уметничкиот одбор  за организација на XI-та Mеѓународна ликовна колонија,  Комисијата за здравство опоравок и рехабилитација, работната група за спроведување активности за  учество на Регионален форум на Центарот за развој на Скопскиот плански регион. Членовите на Управниот одбор во текот на овие месеци носеа  одлуки по електронски пат.

Мобилност Македонија посебно е посветена  во процесот на градење на капацитетите на здружените членки во сојузот. Јакнењето на потенцијалот и капацитетите на канцелариите на здружените членки во спроведување на  нивната мисија за заштита на правата на лицата со телесен инвалидитет на локален план е приоритет на сојузот. Согласно тоа беше донесена  одлука за вработување на лица на позиција локален координатор во здруженијата во Мобилност Скопје (поради спогодбен раскин на договорот за работа) и во Мобилност Кочани (поради заминување во пензија). Лицата се вработени согласно член 2 од Законот за вработување на инвалиди.

Мобилност Македонија во текот на 2020 година вложуваше средства за опремување на канцелариите за работа на општинските здруженија. Исто така вложуваше средства за реновирање и опремување на објектите за одмор и опоравок на своите членови во Охрид.

1. Имплементација на Конвенцијата на ОН за правата на лицата со инвалидност

            Мобилност Македонија во 2020 година активно беше вклучена во процесот на следење на имплементацијата на Конвенцијата, особено преку своите претставници во Националниот совет на инвалидските организации на Македонија.

            Лицата со инвалидност отсекогаш биле меѓу најмаргинализираните групи во секое општество. Без оглед на еволуцијата на човековите права донесени во вид на  декларации, резолуции, конвенции, и други облици од страна на меѓународната заедница, лицата со телесен инвалидитет не ги уживаат истите бенефити како и останатите граѓани. Заради тоа, голем број на лица со телесен инвалидитет во светот, а и кај нас, беа и се уште се изложени на милоста и хуманоста на другите. Како одговор на долгата историја на дискриминацијата, исклучувањето и дехуманизацијата на лицата со инвалидност, меѓународната заедница во декември 2006 година ја донесе Конвенцијата за правата на лицата со инвалидност која Собранието на РМ ја ратификува на 05.12.2011 година, заедно со Факултативниот протокол.

Согласно тоа, и приоритетните задачи на Мобилност Македонија во тековната година беа организација и учество на домашни и меѓународни конференции како и поднесување на барања за реализација на мерките од одредени области од Конвенцијата.

Мобилност Македонија на 28 и 29 октомври учествуваше на 14-та Меѓународна конференција за статусот и правата на лицата  со инвалидност, која годинава заради пандемијата од КОВИД-19 се одржуваше комбинирано, со физичко присуство (од домашните учесници) и преку Зум конференција (со учесници-предавачи од другите држави). Мобилност Македонија учествуваше со презентација на тема „Спортска рекреација на лицата со инвалидност - потреба и бенефити“, актуелна тема особено оваа година кога заради заштита од ширење на корона вирусот државите усвојуваат многу рестрективни мерки кои го ограничуваат движењето и го ставаат човекот во пасивна улога и целосна хипокинеза. Меѓународната конференција беше  во организација на Координативниот одбор на Кантоналните здруженија и сојузи на лица со инвалидност на Унско-Санскиот кантон.

Одбележувањето на  3.Декември Меѓународниот ден на лицата со инвалидност оваа година се одбележа  под мотото „Подобра изградба на инклузивен, пристапен и оддржлив пост КОВИД-19 свет за лицата со инвалидност“. Беше одбележан во видоизменет формат, за разлика од претходните години, заради мерките на заштита од ширење на коронавирусот. Беше остварена средба и со Претседателот на Република Северна Македонија. На средбата беа презентирани проблемите и потребите на лицата со телесен инвалидитет. Дискусиите беа наочени кон проблемите во однос на пристапноста, образованието, здравствената заштита, вработувањето како и за спортот и културно збавниот живот општо за лицата со инвалидност. Посебно беше нагласено дека активностите за одбележување на овој ден имаат за цел да го промовираат разбирањето на проблемите на лицата со инвалидност и да мобилизираат подршка за достоинството, правата и благосостојбата на овие лица. Одбележувањето на денот да нуди можност да се потикнат промени во ставовите кон лицата со инвалидност и да се отстранат бариерите за нивно целосно учество во сите аспекти на животот.

На 6 октомври, Мобилност Македонија го одбележа Светскиот ден на лицата со церебрална парализа. На настанот покрај претседателот на Мобилност Македонија се обратија и заменик-министерот за труд и социјална политика, советникот на премиерот за труд и социјална политика, советникот на Фондот за здравствено осигурување на СМ, директорот на Центарот  за ортотика и протетика „Славеј“ и претседателот на Огранокот на лицата со церебрална парализа при Мобилност Скопје. На настанот беа присутни околу 30 претставници од општинските здруженија на сојузот – лица со церебрална парализа. Гостите добија претстава што значи церебралната парализа, дека е најчеста попреченост во детсвото и дека над 17 милиони луѓе во светот се погодени од оваа состојба. Беше потенцирано дека церебралната парализа не е болест туку се смета за нарушување, различно од една до друга личност, кое може да се манифестира со слабост во едната или двете раце, епилепсија, интелектуална попреченост или тотална неспособност да се контролира движењето. Мобилност Македонија преку разни форми на дејствување за подобрување на правата и положбата на  лицата со церебрална парализа, се приклучи кон светскиот слоган при одбележувањето на денот оваа година - „остави белег“. Мобилност Македонија  текот на целата година  спроведува програмските активности за подобрување на правата и положбата на  лицата со церебрална парализа: подигнување  на нивото на јавната свест за потребите и проблемите лицата со церебрална парализа, оставрување на правото на пристапно образование, оставрување на правото  на квалитетен на живот, добивање навремени и бесплатни медицински/терапевтски третмани за лицата со церебрална парализа, обезбедување квалитетни ортопедски помагала  и сл. За одбележување на Светскиот ден на лицата со церебрална парализа изготвивме постер, како и маици и маски печатени во боја и со лого на Светскиот ден на лицата со церебрлана парализа. Настанот се спроведе со почитување на  протоколот за заштита од ширење на КОВИД-19.

2. Изедначување на правата на лицата со инвалидност во РМ

Решавањето на потребите на лицата со телесен инвалидитет за целосна инклузија во општеството, за остварување на соодветни права за  подобрување на животот и овозможување на еднакви можности со останатите го баравме преку иницијативи до надлежните министерства и институции. Во таа насока, Мобилност Македонија во текот на 2020 година, поради пандемијата со корана вирусот онлајн учествуваше на повеќе тркалезни маси, тематски работилници и  работни состаноци со претставници од надлежните министерства и институции. До истите испративме повеќе пати дописи како и ургенции, предлози, забелешки и потсетувања за решавање на клучни проблеми со кои се соочуваат лицата со телесен инвалидитет како и за и спроведување на веќе договорените решенија.

Продолжи проектот на  Министерството за труд и социјална политика за рефундирање на средствата за  платени давачки при набавка на патнички автомобил. Согласно Програмата, се рефундираат средствата платени на име  царински давачки, данок на додадена вредност и акциза при набавка на патнички автомобил за лица со најмалку 80% инвалидност на долни екстремитети.Оваа информација беше објавена  во печатеното списание „Мобилност“, на веб страната на сојузот и на фејсбук групата.

Проектот „Инклузивни детски игралишта“ кој од 2012 година Мобилност Македонија го спроведува  заедно со Министерството за труд и социјална политика, оваа година го реализиравме во општина Штип и во Основното училиште „Страшо Пинџур“ во Скопје во општина Ѓорче Петров. Локалната самоуправа на градот Штип одобри локација на атрактивно место со површина доволна за поставување на 4 инклузивни реквизити. Општината со свои средства го изврши тампонирањето на теренот и го обложи со вештачка трева и постави урбана опрема -   клупи, корпи за отпадоци, обезбеди  осветлување и сл.. Во основното училиште „Страшо Пинџур“ во општина Ѓорче Петров со инклузивни реквизити ја опремивме сензорната соба наменета за шест ученици со попреченост кои учат од прво до четврто одделение во ова училиште.

            Иницијатива  на Мобилност Македонија поднесена до  Фондот за здравствено осигурување и до Министерството за здравство за измени на Законот за здравствено осигурување во делот кој оневозможуваше  доплата на разликата помеѓу реалната цена на помагалата и референтната цена за набавка на ортопедски помагала дефинирана од фондот (им се наплатуваше целосен износ на помагалото), како и  за укинување на условот здравственото осигурување да траело непрекинато најмалку шест  месеци пред настапување на потребата, беше реализирана и бараните измени беа донесени на почетокот на годинава. Конкретно во членот 2 од Предлог Законот се избриша условот од шестмесечно континуирано плаќање на придонес за здравствено осигурување за остварување на правото на ортопедско помагало и со измените во членот 4 од Предлог Законот се дава можност на осигурениците да остварат право на ортопедско помагало изработено од надстандарден материјал и да има можност да го доплати износот со свои лични средства. Исто така беше решено барањето на Мобилност Македонија за  остварување на правото за сите лица кои трајно користат инвалидска количка за движење, на стандардно лесни инвалидски колички и правото на активни колички за оние кои задоволуваат еден од наведените посебни критериуми. Поред ова, во измените е воведена можноста на силиконски Фоли катетар за самокатетаризација, како и кеси за испуст за силиконски Фоли катетар.

До Фондот за здравствено осигурување доставивме барање за дополнување на член 28 став 1 и став 4 од Правилникот за индикациите за остварување на право на ортопедски и други помагала. Имено, согласно член 28, став 1 од Правилникот, секое лице кое има индикации може да добие една собна количка на рачен погон. Пред измените ова се однесуваше на стандардната инвалидска количка. Со измените на сила од 2020 година, поред стандардните инвалидски колички, за постојаните корисници воведени се уште два типа на колички, стандардно лесни (до 13кг тежина) и активни инвалидски колички (до 13кг тежина), па сметаме дека во став еден од овој член по зборовите: „Осигуреното лице има право само на една собна инвалидска количка на рачен погон“, треба да се додадат во продолжеток зборовите: „стандардна, стандардно лесна или активна инвалидска количка“. Значи согласно тоа кој од критериумите ќе биде исполнет од страна на лицето, таква количка ќе му биде дадена. Во член 28, став 4 од Правилникот предлагавме наместо досегашниот текст: „По исклучок на став 1 од овој член, осигуреното лице со параплегија и квадриплегија, покрај собна количка на рачен погон има право и на тоалетна количка.“, да се замени со текстот:„По исклучок на став 1 од овој член, осигуреното лице со параплегија и квадриплегија, покрај собна количка на рачен погон, стандардна, стандардно лесна или активна инвалидска количка, има право и на тоалетна количка“.Ова од причина што толкувањето на овој член од страна на овластените лица во подрачните единици на ФЗОМ за заверка на медицинските потврди за набавка на ортопедски помагала, потребата на овие лица од набавка на тоалетна количка во некои случаи погрешно се толкува, и наместо заверката да се направи согласно член 28 став 4, (со што не би постоел лимитирачки фактор за набавка на собна количка на рачен погон), тие прават заверка согласно член 26, став 3 од Правилникот и ги оневозможуваат лицата во следните 5 години да остварат право на собна количка на рачен погон, стандардна, стандардно лесна или активна инвалидска количка, само заради тоа што земале тоалетна количка чија намена е само за извршување на физиолошки потреби на лицето, а не и движење на лице дома и надвор од домот, што е неприфатливо.

Мобилност Македонија со свои средства учествува во дел од трошоците што паѓаат на терет на членовите при користење на одредени видови здравствена заштита. Оваа помош членовите ја користат преку своите здруженија  а согласно  Правилникот за учество во трошоците за одредени видови здравствена заштита на членовите на Мобилност Македонија. На седницата на Управниот одбор се донесе одлука за набавка на ортопедски помагала кои не се на позитивна лицста на ФЗОМ, согласно наменски добиените средства за ортопедски помагала. Здружените членки на Мобилност Македонија добија рок во комуникација со своето членство да предложат кој вид на  опртопедски помагала се најпотребни и неопходни за нив.

Мобилност Македонија го продолжи Договор за соработка со друштвото за физикална медицина и специјализирана медицинска рехабилитација Катлановска Бања. Со договорот се обезбедија повластени услови при користење на услугите за лекување и рехабилитација во Катлановска Бања за членовите на Мобилност Макеоднија, кои се однесуваат пансионските услуги и користењето на хидро терапија во базен. Сличен договор склучи и со менаџмантот на Дебарските бањи.

Мобилност Македонијаво го разгледа Нацрт  Законот за градење, и на одржаната работна средба  со претставниците на министерството за транспорт и врски, советниците на Премиерот и изготвувачот на текстот на законот проф. Мирослав Грчев, ги  презентираше забелешките и предлозите  на Комисијата за статутарно-правните работи на сојузот по текстот на нацрт законот. Како дел од основните барања на гардбата во делот 8. Непречено движење и сигурност во употребата, поточно во член 10 ставови 3 и 4 даден е поширок пристап за пристапност на објектите  и движењето во нив на лицата со инвалидност, без јасни обврски на субјектите. Дополнително ослабена е обврската бидејќи се користи терминот „треба“ што остава простор за слободно толкување, наместо терминот „мора“ кој би создал задолжителна обврска. Нашата забелешка по ова беше прифатена.

 Претставници на Мобилност Македонија учествуваа на обуката која ја  организираше  Државната изборна комисија и се стекнаа со сертификат за обучувач  во време на изборниот процес за почитување на правата на пристапност за лицата со телесна попреченост.

Мобилност Македонија достави барање до претседателот на Владата на РСМ, во кое бараме во четвртиот пакет на економски мерки, во делот на доделување на платежни картички со износ од 6.000,00 денари на граѓаните,  поред наведените категории на граѓани да бидат вклучени и лицата со инвалидност приматели на: постојана парична помош, посебен додаток и социјална помош. Овие лица со инвалидност припаѓаат на групата социјално-ранлива категорија, со минимални или без примања, сериозни телесни оштетувања и зголемени трошоци за живот заради набавка на лекарства и плаќање на други социјални услуги.

До Владата на РСМ, Министерството за финансии и Миснистерството за труд и социјална политика, Мобилност Македонија достави „Барање за измени и допонување на Законот за субвенционирање на станбен кредит“. Бараме во член 9, во кој се наведени условите кои треба да ги задоволат физичките лица кои подигнале кредит од деловна банка и на кои преку Министерството за финансии ќе им се субвенционира дел од средствата на терет на Буџетот на РСМ, да се додадат и лицата со тешки, потешки и најтешки пречки во телесниот развој и тоа без ограничување на возраста, а со разгледување на можноста за зголемување на износот на субвенцијата и олеснети услови за добивање на субвенцијата. Тоа е пред се заради објективно поголемите трошоци за адаптација и прилагодување на станбениот простор во однос на граѓаните кои не се соочуваат со состојба на инвалидност.

Здружението на лица со телесен инвалидитет на Битола – Мобилност Битола со проектот  „Алтер трип“ (Алтернативно патување) аплицираше во рамките на Програмата за прекугранична соработка на Република Грција и Република Северна Македонија.Главна цел на проектот е да мотивира трансформација на територијата во достапна и инклузивна дестинација со подршка за одржлив развој на пристап кон природното и културно наследство.

Во текот на годината Мобилност Македонија на иницијатива и барање  на своите членови и нивните претставници во органите за управување, доставуваше до Владата на Република Северна Македонија повеќе барања кои произлегуваа од пандемијта и тоа за проширување на листата на хронични болести со дијагнози кои се ослободени од работни обврски. Барањето се днесува на  дијагнозите мултипла склероза и параплегија и квадриплегија, односно за сите лица кои се движат исклучиво со инвалидска количка, без оглед на дијагнозата, бидејќи кај нив практично е невозможно да се одржува хигиена на рацете заради начинот на движење. Барањето беше прифатено и листата беше дополнета со предложените дијагнози. Беше доставено барање за дополнително појаснување на мерките за посебен режим на движење за лицата со попреченост. По барањето добивме сеопфатен задоволителен одговор кој го препартивме до здружените членки на Мобилност Македонија и го објавивме на нашата веб страна и фејсбук групата. До Министерството за здраватво – Комисија за заразни болести доставивме  барање за изработка на протокол за одржување на активностите на сојузот во услови на COVID-19. бидејжи Управниот одбор на сојузот донесе одлука за организација  на неколку програмси активности: 26.Републички квиз натпревар, Тематска работилница, 32.Државно првенство во шах, и во рамките на 32.Републичките спортски игри: натпревари во атлетика и стрелаштво.

3. Организација и учество на работилници и работни средби

Претставници на Мобилност Македонија во 2020 година поради пандемијата со вирусот Ковид-19, беа ограничени во организирање  тематски работилници, тркалезни маси и слично, како и да учествуваат на разни настани.

Поради пандемијата оваа година не се ораганизираа традиционалните манифестации: 11.Меѓународна ликовна колонија, Дефилето на Широк Сокак, 9.Масовна средба во природа, одбележување на 4.Декември Денот на лицата со телесен инвалидитет, Маршот на параплегичари и квадриплегичари, 22.Тортијада, турнирот во табла, 26.Литературни читања, изложба на слики од ликовната колонија, предновогодишна прослава, турнир во шах, учество на меѓународни традиционални спортски настани, фудбалски натпревари,државно првенство во пинг-понг, распоредот за користење на објектите за одмор и опоравок во Охрид беше одложен како и повикот за поднесување молби за користење на објектите за одмор и опоравок. По известувањето на соорганизаторот на Музичкиот фестивал на лицата со телесен инвалидитет Опен Фест Струмица, не се објави конкурсот за учество на Музичкиот фестивал на лицата со телесен инвалидитет.

Дел од програмските активности се одржаа онлајн, преку зум платформа и слично, а дел беа спроведени со строго почитување на мерките за заштита од ширење на корона вирусот.

 Првата тематска работилница беше одржана на 21 фебруари, во просториите на Центарот за ортотика и протетика „Славеј’ со стручна презентација од вработените протетичари  на тема: „Измени во Правилникот за ортопедски помагала во протетиката и понуда од Центарор за ортотика и протетика Славеј“.Во присуство на поголем број членови од здружените членки на Мобилност Македонија, беа појаснети критериумите кои потенцијалните корисници мора да ги исполнат при аплицирање за остварување на право на софистицирани компоненти за изработка на протези, како и за понудата на тие компоненти од лагерот на Центарот за ортотика и протетика Славеј.

На 28 фебруари беше одржана втората тематска работилница исто така во просториите на Центарот за ортотика и протетика Славеј на тема „Измени во Правилникот за ортопедски помагала во делот на инвалидските колички и понудата на „Славеј“. На присутните им беа појаснети критериумите  при препишување на стандардна лесна инвалидска количка, беа презентирани карактеристиките на стандардна лесна инвалидска количка, индикациите утврдени во списокот на ортопедски помагала за активна инвалидска количка, како и критериумите  за препишување на активна инвалидска количка, нејзините карактеристики и сл.. Присутните добија совет да бидат внимателни при изборот на моделите на стандардно лесните и активните колички. Референтната цена изнесува 30.119,00 денари за стандарно лена инвалидска количка и 69.855,00 денари за активна инвалидска количка.  За понудените суми се добива квалитетен производ. Постои и можност од доплата над референтната цена, право за кое исто така  Мобилност Македонија се избори во повеќегодишниот процес на преговори.

30.Мај – Светскиот ден на мултипла склероза, оваа година беше одбележан онлајн преку кампањата „Се поврзувам, се поврзуваме“ а хаштагот на кампањата беше „MSConnections“. Кампањата беше флексибилна и широко распространета тема. На интернет страницата на Мобилност Македонија многу јавни личности во државата како што се лекари, актери, спортисти, уметници, академци, музичари, бизнисмени, водители, новинари, просветни работници, медицински сестри и други, секојдневно ни изразуваа безрезервна континуирана подршка за работата на сојузот и за програмските активности  предвидени за помош на заболените лица од мултипла склероза. Светскиот ден на мултипла склероза го одбележуваме за да се подигне јавната свест  за оваа болест и да се обединат 2,3 милиони луѓе во светот кои живеат со оваа болест и состојба за да ги споделат своите приказни и искуства.

Во организација на Здружението на лица со телесен инвалидитет на Штип – Мобилност Штип, а во соработка со Клиничката болница од Штип, се одржа предавање на тема „Мерки за превенција и заштита од инфекција од COVID 19.

Здружението на лица со телесен инвалидитет на Скопје – Мобилност Скопје, во објектите за опоравок и рехабилитација во Асамати на Преспанското Езеро, организираше Креативна работилница – проект финансиран од Собрание на град Скопје. Учесници на работилницата беа лица со телесен инвалидитет членови на сојузот од Скопје, Битола, Ресен и Демир Хисар. Учесниците на  работилницата при изработката на уметничките дела покрај своите креативни можности и афинитети научија да користат и други креативни техники како „декупаж“ и сл.. Исто така ја следеа обуката  за примена на  различни начини на изработка на накит од монистра.

Здружението на лица со телесен инвалидитет на Струмица - Мобилност Струмица во партнерство со Здружението на граѓани за помош и подршка на лица со даунов синдром, го реализираа прокетот за отварње на специјализиран фитнес центар за лицата со попреченост. Центарот е отворен во рамките на проектот „И ние постоиме“ преку RELOAD програмата (Регионална програма  за локална демократија за Западен балкан) која е финансирана од ЕУ, а спроведувана од УНДП и подржан и од општина Струмица со 20 проценти од неговата вкупна вредност. Исто така , Мобилност Струмица беше домаќин и организатор на Музички хепенинг на лица со попреченост, насловен „Надежта последна умира“.

Мобилност Македонија учествуваше на онлајн тркалезната маса на тема: „Трансформација на општеството – Заедница за сите“. На онлајн тркалезната маса учествуваа претставници на националните инвалидски организации, Претседателот на Владата на РСМ, министерката за труд и социјална политика, министерката за образование и наука, министерот за здравство, шефот на делегацијата на ЕУ,  постојаниот претставник на ОН во РСМ, претстаници на НВО, како и лица со попреченост.

Здружението на лица со телесен инвалидитет на Скопје – Мобилност Скопје, во текот на 10 месеци од оваа година го спроведуваше проектот „Креирај, создавај, мотивирај“ финансиран од Собранието на Градот Скопје. Основната цел на овој проект е  социјалната инклузија на лицата со телесен инвалидитет: подобрување на нивниот социјален живот, бришење на предрасудите, борба со осаменоста, миноризирање на чувството на неприфатеност и сл.

4.Воспитание и образование

           Мобилност Македонија перманентно покренува иницијативи и активности за благовремено вклучување на децата со телесен инвалидитет (освен кога тоа објективно не е можно) во редовниот воспитно образовен процес. Особенo  подржува активности за лицата со телесен инвалидитет да се едуцираат до крајните можни граници во сите степени на образованието.

Мобилност Македонија предложи препораки до Владата на РМ, Министерството за образование, МТСП, ЗЕЛС и Градот Скопје, кои најитно треба да се преземат за да се овозможи  непречено вклучување во образовниот систем во РМ:

-обезбедување пристапност до установите за образование според сите утврдени стандарди во Законот за градење, и Правилник за начинот на обезбедување на непречен пристап, движење, престој и работа на лицата со инвалидност до и во градбите,

-донесување измени и дополнувања на Законот за градење со дополнување на нов член во глава XI-казнени одредби, каде ќе се предвидат високи парични казни за одговорните лица кои нема да го почитуваат „Правилникот за начинот на обезбедување на непречен пристап, движење, престој и работа на лицата со телесна инвалидност до и во градбите;

-обезбедување на образование на сите лица без разлика на степенот на телесниот инвалидитет, во редовниот образовен систем во близина на нивниот дом, заедно со своите врсници;

- донесување законски мерки со кои ќе се санкционираат училиштата кои ќе одбијат да едуцираат деца со телесен инвалидитет;

- обезбедување дополнителен образовен кадар како подршка и помош на редовниот наставен кадар во предучилишните установи и во основното образование, кој ќе обезбеди чувство на сигурност и безбедност во средината која ќе се образува лицето со телесен инвалидитет;

- обезбедување достапни и бесплатни асистивни помагала (посебни компјутерски алатки) кои ќе ја компензираат инвалидноста;

-ослободување од партиципација на втор и трет циклус студии.

            Мобилност Македонија присуствуваше на  работна средба што ја организираше министерката за образование и наука, со претставници на повеќе граѓански организации. На средбата се дискутираше за заедничките цели и приоритети и можноста за соработка во реформите на образованието. Мобилност македонија има сериозен интерес за соработка со ова нинистерство во делот на развој на инклузивното образование, реформите во образованието, вклучување на младите во реформите поврзани со квалитетна настава и подобрување на младинскиот стандард, како и обезбедување на квалитетни учебници. Министерството за образование и наука е од исклучително значење за младитѕе со телесен инвалидиет кои допрва треба да го довршат своето образование во сите степени од истото. Пристапноста на објектите во кои се изведува наставата од основно до високо образование, асистентите во наставата, ослободување од партиципацијата за школување, се само дел од приоритетите на кои ќе ставиме акцент при поднесувањето на предлозите за измена и дополнување на законската материја од оваа област. Мобилност Македонија ќе бара да се конституира Национален совет за високо образование и научно-истражувачка дејност, кој во согласност со член 128 од Законот за високо образование, треба да предложи уредба со која се утврдува правото на лицата со инвалидност да бидат ослободени од партиципација за студирање.

            Мобилност Македонија со свои предлози и забелешки учествуваше во изготвувањето на Правилникот за нормативи за услугата образовна и лична асистенција.

Со Министерството за  образование и наука оставривме интерес за соработка со дел од секторите  на МОН за основно, средно и високо образование. Со свои предлози и сугестии учествувавме во текстот на предлог Правилник за нормативи за услугата образовна и лична асистенција.

Мобилност Македонија по повод Светскиот ден на детето, до институциите на Република Северна Македонија достави апел за реализирање на сите наши заложби за изградба на подобар систем. Систем без архитектонски бариери, комуникациски, образовни и социјални бариери, систем во кој децата со инвалидност ќе уживаат еднакви можности со другите деца во секојдневието и при користење на разни услуги и потреби: здравствени, образовни, културни, спортски, забавни активности. Систем во кој сите деца ќе бидат социјално вклучени и третирани со еднаква љубов, внимание и еднакви можности. Целта на одбележувањето на Светскиот ден на детето е да се сврти вниманието на широката јавност на сите обврски кои општеството ги има кон децата, како и најважните проблеми со кои децата се соочуваат.

5. Работа и вработување

Работата и вработувањето на лицата со телесен инвалидитет е приоритетна активност на Мобилност Македонија, затоа што смета дека вработувањето дава големи можности за социјално вклучување и сигурност кај лицата со телесен инвалидитет, од економска независност, преку планирање и формирање на семејство, се до чувство за придонес во националната економија.

Во 2020 година Мобилност Македонија беше вклучена и делуваше во правец на унапредување на вработувањето на лицата со телесен инвалидитет преку повеќе активности кои вклучуваат:

-евидентирање на членовите кои имаат потреба од вработување и нивно целосно информирање за можностите и поволностите што ги пружа Законот за вработување на инвалидни лица;

-евидентирање на работодавачи кои имаат потреба од вработување на лица со телесен инвалидитет;

-информирање на надлежните органи и институции за забележани неправилности и злоупотреба во примената на Законот за вработување на инвалидни лица;

-активности за подигање на нивото на свесноста и нивото на општествената одговорност кај институциите за способностите на лицата со телесен инвалидитет;

-активности за подигнување на нивото на јавната свест за работните способности на лицата со телесен инвалидитет и индивидуалната и општествената корист од нивното вработување и работење.

Сите овие активности Мобилност македонија ги спроведуваше преку канцелариите на здружените општински организации.

6.Транспарентност во работењето и подигнување на јавната свест

Во голем дел од државите во светот егзистираат длабоки и закоравени негативни стереотипи и предрасуди кон лицата со телесен инвалидитет со употреба на погрдни термини кои обичниот човек го асоцираат на неспособност или болест, а самите лица со телесен инвалидитет се третираат како субјекти на згрижување и медицински третман, а не како корисници на човекови права. Конвенцијата на ОН за правата на лицата со инвалидитет е комплементарна со постоечките меѓународни договори за човековите права и преставува силна алатка во борбата за остварување на правата на лицата со телесен инвалидитет и подигање на јавната свест кај граѓаните.

Мобилност Македонија преку објавување на написи во средствата за јавно информирање, електронските и печатените медиуми, организирање и учество на советувања, трибини, работилници, издавање на сопствено гласило  „МОБИЛНОСТ“, редовното ажурирање на ВЕБ страна: www.mobilnost.mk, со издавање на различни публикации, алманаси, каталози, постери, флаери и друг печатен материјал во текот на 2020 година ја оствари заложбата за транспарентно работење.

Во исто време преку овие активности Мобилност Македонија силно влијаеше на подигањето на свеста кај поединци, семејства, институции и во општо целокупната јавна свест кај сите граѓани за способностите и можностите на лицата со телесен инвалидитет, за потребата од создавање услови за нивна целосна интеграција во општеството и за поттикнување на надлежните да преземаат конкретни мерки за обезбедување рамноправност и еднакви можности на овие лица.

Весникот „МОБИЛНОСТ“ оваа година го отпечативме во два броја. Се печати во тираж од 1200 примероци и се дистрибуира бесплатно до членството на Мобилност Македонија. Преку ова гласило се постигнува целта за брзо информирање на членството за работата на     Мобилност Македонија, остварените права, измените во законската регулатива и сл. Во весникот спроведуваме наградна игра за читателите. Наградата е викенд за двајца во хотелот „Цар Самуил“ во Банско, донација од сопствениците на хотелот. Мобилност Македонија ги покрива трошоците за превоз во висина на автобуска карта од местото на живеење до хотелот и назад.

Претседателот на Мобилност Макеоднија учествуваше во контактна емисија на Сител ТВ и во отстапениот временски термин во емисијата  ја презентираше актуелната  состојба и активности кои како сојуз на ова поле ги презедовме во минатиот период, кои тековно ги преземаме и ќе ги преземаме во иднина, а со цел подобрување на положбата на лицата со телесен инвалидитет во нашата држава и овозможувањето на независно и самостојно движење и пристап. Беа споменати проблемите со кои се соочуваат лицата со телесен инвалидитет во урбаните средини, колку се пристапни станбените и деловните објекти и законската регулатива во врска со тоа, каква е состојбата со одбележаните паркинг места за возилата со кои управуваат лицата со инвалидност, обезбедување на бесплатни и калитетни ортопедски помагала и сл

            Мобилност Mакедонија беше  дел од декемвриската кампањата  #odisomene  и бидете глас на лицата кои секојдневно се соочуваат со потешкотии кога станува збор за #pristapnost, во соорганизација со Центарот за ортотика и протетика „Славеј. Хуманитарната кампања „Оди со мене“  се спроведуваше секој ден од месецот декември со нова содржина и активност. Имаше една и едниствена цел – подигнување на свеста за подобрување на пристапноста до сите јавни површини и објекти. За таа цел, беше подготвен предизвик, во кој учесникот треба да се обиде да се движи или да влезе во избран јавен објект каде нема пристапност за лица со инвалидност, но истото да го направи со или врзани очи, или врзани нозе или пак движејќи се наназад. Обидот требаше да биде снимен од страна на учесникот (највероватно со асистенција на пријател) во било каков формат соодветен за социјалните мрежи и видеото да биде објавено на сопоствениот профил. При објавување на видеото, треба да се користат #odisomene и #pristapnost како промотивни хаштагови. За лицата со ограничена мобилност архитектонските бариери претставуваат лимитирачки фактор кој ги попречува во нивната целосна социјална инклузија и потполна интеграција во општеството во кое живеат.

7. Пристапност, самостоен живот и вклученост во општеството

           Мобилноста и пристапноста се основни предуслови за спроведување на сите активности во секојдневното живеење на лицата со инвалидност и нивното вклучување во општеството. Мобилноста Македонија, за сите овие подрачја ја нагласува потребата за развој на стандардите општо.  Мобилност Македонија континуирано во текот на годината ја нагласува потребата од изградба на собраќајници со спуштени рабници и  пристапни влезови во сите градби за јавни намени, во градскиот и меѓуградскиот јавен сообраќај да се воведат адаптирани нископодни автобуси, да се воведат приспособени меѓуградски авотбуски линии, достапност на јавниот превоз на сите линии, пристапност на возниот ред и слично. Мобилност

Македонија, го подржува промовирањето на „Универзалниот дизајн“ што значи оформување напроизводите, опкружувањето, програмите и услугите, на начин да може да ги користат сите луѓе во најголема можна мера, без потреба од приспособување или посебно оформување. Обезбедувањето на пристапност и достапност во сите сегманти на живеење е основна цел во програмските активности на Мобилност Македонија и за остварување на таа цел до Министерството за транспорт и врски, Министерството за образование и наука и Министерството за информатичко општество во соработка со единиците на локалната самоуправа, предложини за мерки како што се:

-воспоставување  опкружување пристапно за лицата со инвалидност со примената на начелата на универзалниот дизајн избегнувајќи на тој начин создавање  на нови пречки;

 - овозможување достапност на превозот за сите лица со инвалидност;развивање едукациски програми врзани со примената на Универзалниот дизајн;

-обезбедување  пристап до информациите и комуникациите за сите лица со инвалидност; обезбедување примена на современите технологии;

-воспоставување систем на помош при решавањето на станбеното прашање  за лицата со инвалидност.

          8.Опоравок и рехабилитација на членовите

Управниот одбор на Мобилност Македонија донесе  одлуката оваа година да не се користат објектите за одмор и опоравок на членовите во Охрид и одлучи истите да ги реновира. Неопходноста од донесувањето на оваа одлука и нејзината оправданост беше образложена со факти: Мобилност Македонија во периодот од 1994 до 1996 година имаше набавено 12 објекти за одмор, опоравок, рекреација и рехабилитација за своите членови (последниот објект е набавен 2011 година) кои се целосно приспособени за движење и престој на лицата со најтешка телесна инвалидност, самостојно или со мала подршка. Истите се амортизирани и подлежни на ризици заради кои неопходно е потребно да се реновираат. Во текот на 24 годишното користење, во овие објекти престојувале скоро 9000 лица со телесен инвалидитет со нивните семејства (26 кревети во смена, 15 смени во сезона, 390 лица годишно).Смените започнуваа од 1 мај а завршуваа на 30 септември. Една смена траеше 10 дена. Вон сезона објектите беа користени за организирање на програмски активности за социјална интегрција на лицата со телесен инвалидитет во заедницата, преку организирање Меѓународната ликовна колонија, Меѓународната креативна работилница,  конференции и работни состаноци со партнерски организации  од регионот, подготовки на спортисти со телесен инвалидитет, репрезентативци во стрелаштво, учесници на параолимписки игри, светски и европски првенства и сл.. Затоа беше формирана Комисија за реновирање објектите за одмор и опоравок на лицата со телесен инвалидитет во Охрид. На почетокот од својата работа Комисијата донесе одлука  да се прибават понуди со детална пресметка по работни позиции за работите кои треба да се извршат во апартманите со цена за секоја позиција. Исто така беше донесена  одлука до Министерството за финансии – Биро за јавни набавки, да се достави барање за мислење, дали согласно Законот за јавни набавки на РМ член 4 и член 5,  Мобилност Македонија припаѓа во групата на договорни органи за спроведување на постапка за јавна набавка  при реновирање на објекти за опоравок и рехабилитација на лица со телесен инвалидитет или не. Во случај согласно законот да не сме обврзани да спроведеме  постапка за јавна набавка, реновирањето ќе го спроведеме по пат на избор на најповолна понуда. Бирото за јавни набавки не извести дека сојузот не претставува договорен орган во смисла на член 9 став 1 од Законот за јавни набавкаи, односно дека немаме обврска  да спроведуваме постапка за јавна набавка. Во месец август започнавме со конкретни активности за набавка на материјали и изведување на градежно-занаетчиски работи  вообјектите за опоравок и рехабилитација на сојузот во Охрид. Комисијата за реновирање на објектите за опоравок и рехабилитација на сојузот во Охрид во текот на овој месец одржа четири седници:

-На првата седница беше донесена одлука  да се обратиме до Компанијата АДИНГ од Скопје за донација  на нивни материјали за хидроизолација, лепак за гранитни плочки и материјал за фуга за плочки. Исто така беше утврдена спецификацијата за квалитет на плочки која, компаниите кои имаа доставено понуди за керамички плочки, требаше дополнително да ја достват до сојузот. На истата седница се утврдија позициите за кои доставиме барања за понуди за извршување на градежно-занаетски работи: демонтажа на ламинат и теписон под ламинат и исфрлање на шут; демонтажа на кадите во купатилата и фрлање на шут; премачкување со хидроизолација (три раце) и лепење на ѕидни плочки со фугирање.

-На втората седница членовите на Комисијата ја одбраа најдобрата и најповолната  понуда за плочки која освен најниска цена, понуди и најдобар квалитет и превоз до Охрид. Исто така  ја утврдија динамиката за испораката и транспортот на плочките. На барање на Компанијата АДИНГ, ги утврдивме потребните количини од бараните материјали: за колкава површина се работи во м2, количина на средства за хидроизолација, видот и количина на лепакот за плочки, бојата на материјалот за фуги сл.

-На третата седница  членовите на Комисијата ја одбраа најдобрата понуда за извршување на градежно-занаетски работи по наведените позиции. Беа избрани две понуди кои нудеа најниска цена и најкраток рок за извршување на работите. Едната понуда се однесува на демонтажа на ламинат, теписон и кади и фрлање на шут, а втората понуда се однесува на премачкување со хидроизолација, лепење на плочки и нивно фугирање.

-Четвртата седница се одржа во Охрид на која членовите на комисијата ги утврдија дополнителните градежно-занаетчиски работи кои произлегоа од веќе направените интервенции на отстранување на подните облоги, ламинат и итисони во дневните престои, односно кадите и дел од плочките во купатилата. Имено беше утврдено дека одводите во купатилата и централниот, а особено оние под кадата се запушени и амортизирани и беше донесена одлука да се побара мајстор истите да ги извади, да ја отпуши инсталацијата и да монтира нови со соодветна заштита од повратни води од канализацијата, бидејќи објектите се наоѓаат на приземје, а тој дел од Охрид е склон кон запушување на канализацијата и враќање на отпадните води во објектите. Потоа беше утврдено дека кујните (особено судоперите и работните маси) се дотраени, трули и нефункционални, па беше одлучено  на Управниот одбор да му се предложи  да донесе одлука за комплетна замена на кујните во сите објекти. Исто така Комисијата донесе одлука нефункционалните преградни ѕидови во објектите 1, 2, 3 и 4 да се срушат пред да започне работата на лепење на плочки, за да се добие поголем простор и да се залепат плочки одеднаш. За ова ќе биде потребно да се направи анекс на договорот и на изведувачот на работите да му се исплати договорена сума за рушење на ѕидовите и исфрлање на шутот. Постоечките ормани за одложување на гардероба да се дислоцираат и кога ќе се побара најдобра понуда за изработка на кујни, истиот столар да добие обврска да ги монтира дислоцираните ормани на соодветно место во објектите. Со избраните најповолни понудувачи на градежно-занаетските работи склучивме Договори за извршување на градежно-занаетските работи во кои се прецизирани: цената, рокот и начинот на плаќање, начин и рок на извршување на работите и други права и обврски на договорените странки.           

Нашето барање до компанијата АДИНГ беше позитивно решено.Освен донацијата од потребните материјали во износ од  2 тона хидрикол, 600кг хидромал флекс, 200кг хидрофил, компанијата АДИНГ ни обезбеди и бесплатен превоз на истите.

Во текот на месец октомври беа завршени градежно-занаетчиските работи кои се однесуваа на: хидроизолација на подот во сите објекти, лепење на плочките со поставување на фуги, беше извадено старото цокле и се постави ново, поради потреба од нивелирање на подот на терасите беше извадена кошулката и се постави нова и беа поставени нископодни паргови во купатилата. При изведување на овие работи имаше потреба од набавка на дополнителна количина на лепак за плочки, армирана мрежа, цемент и песок. Комисијата спроведе  постапка за прибирање на понуди за набавка на алуминиумски врати на терасити,  како и добивање на донација или намалена цена за истите.

Од почетокот  на оваа година Мобилност Македонија аплицираше со проект за реновирање на објектите за опоравок одмор и рехабилитација до Скопскиот плански регион во рамките на Проектот „Регионални форуми во заедницата“. Проектот на Мобилност Македонија во четвртата сесија од овој форум како позитивно оценет и делумно модифициран беше проследен во Југозападниот плански регион во Охрид.По тримесечната интензивна комуникација  и изготвување на потребната програмска документација, очекуваме добивање на конкретна донација за реновирање на објектите за опоравок и рехабилитација на сојузот. За потребите на Проектот беше изработен основен проект – фаза Архитектура за реконструкција на објекти за времено домување на лица со телесен инвалидите, со класа на намена А4, кој содржи предмер и пресметка на целокупната реконструкција на објектите. Исто така беше направена  и ревизија на основниот проект.

Мобилност Македонија иницираше измена на законските прописи со кои ќе се признае право на  бањско-климатско лекување, односно периодична рехабилитација на лицата со телесен инвалидитет без обврска да биде продолжено болничко лекување.

9.Спорт и рекреација

Мобилност Македонија го поттикнува и промовира учеството на лицата со телесен инвалидитет на спортски активности на сите нивоа, како и на спортови специфични за лицата со телесен инвалидитет. Целта на програмата е да се одржат и унапредат физички способности на лицата со телесен инвалидитет и, следствено, да се развијат нови индивидуални и групни вештини.

Во текот на 2020 година поради пандемијата со корона вирусот дел од предвидениете спортски настани ги организиравме во видоизменета форма а дел воопшто не беа организирани.

Управниот одбор на Мобилност Македонија донесе одлука оваа година да не се одржат 32-те Републички спортски игри во организација како пред пандемијата. Односно беше донесена одлука да се организираат еднодневнинатпревари на  спортови по одделни дисциплини. На 20 септември се одржа 32.Државното првенство во атлетика за лица со телесен инвалидитет членови на Мобилност Македонија. Поради пандемијата, здружените членки неможеа да спроведат квалификациони натпревари, и Комисијата за спорт при Мобилност Македонија одлучи на државното првенство во атлетика спортистите да учесвуваат во редуциран но квалитетен број и тоа: во дисциплината мажи стоење од 8 до 10 натпреварувачи  сите со над 1300 поени (од минатогодишната ранг листа); мажи седење 7 натпреаврувачи (сите над 1000 поени); жени стоење 7 натпреварувачки сите со над 1000 поени; и жени седење 5 натпреварувачки сите со над 1000 поени. Натпреварите се одржаа согласно протоколите добиени од Комисијата за заразни болести: дистанца од 2 метри, дезинфекција на реквизити после секој натпреварувач, воспоставување ред на стартните блокови, задолжително носење маски за сите учесници и сл.

Препораката на Комисијата за спорт при Мобилност Македонија, 32-то Државно првенство во шах за лицата со телесен инвалидитет, да се одржи со намален број на учесници, односно на првенството да учествуваат директно пласираните плус 2 од ранг листата на освоени бодови од минатогодишното првенство, Управниот одбор ја прифати и првенството во соорганизација на Параолимпискиот Комитет се одржа на 28 септември во Велес. Почитувајќи ги протоколите за одржување на чаховски натпревар во услови на пандемија, Мобилност Македонија успешно ја реализира оваа програмска активност. Првенството се играше по швајцарски систем – викенд правила на ФИДЕ со темпо на игра 30 мин. по играч.

На 25 октомври беше организиран 32. Државен натпревар во стрелаштво  во рамките на Републичките спортски игри на лица со телесен инвалидитет членови на Мобилност Македонија. Натпреварот беше организиран во соорганизација на Параолимпискиот комитет на РСМ. На натпреварот учествуваа најдобрите 13 натпреварувачи стрелци, поделени  во две спортски дисциплини, воздушен пиштол меѓународна програма и воздушна серијска пушка. Натпреварот помина  со спроведување на протоколот за заштита од ширење на корона вирусот.

Најдобрите шахисти на Мобилност Македонија заедно со најдобрите шахисти од Сојузот на слепи, настапија на првата  онлајн ФИДЕ шаховска олимпијада за лица со инвалидност и со освоени 9 бода односно 16 поени од одиграни 7 кола во кои остварија 4 победи, 1 реми и 2 порази, го освоија високото 14 место во конкуренција на 60 екипи од 45 држави.

Мобилност Македонија со својата шаховска репрезентација составена од тројцата најдобри шахисти учествуваше на поединечното Државното првенство во шах за лица со инвалидност во организација  на Параолимпискиот комитет на Северна Македонија. На натпреварот учествуваа 16 натпреварувачи од Сојузот на глуви, Сојузот на слепи и Сојузот на цивилни инвалиди од војната. Шахисти  на Мобилност Македонија ги освоија второто, третото  и шестото место на првенството.

Соработката со Фудбалската Федерација на Македонија продолжи и оваа година, и во знак на подршка и развој на фудбалот на телесно инвалидизираните лица на Мобилност Македонија додели финансиска помош. Финансиската помош е наменета за организирање на фудбалски натпревари за фудбалскиот тим на Мобилност Македонија.

10. Културно забавни активности

Заради обезбедување подеднакво учество на лицата со телесен инвалидитет во културниот живот со другите Мобилност Македонијаво 2020 година, согласно препораките за заштита од корона вирусот  презеде ограничен број на предвидени програмски активности за развивање на креативни, уметнички и интелектуални потенцијали на лицата со телесен инвалидитет.

Согласно Протоколот за заштита од Ковид-19 издаден од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, Мобилност Македонија на 17 септермври ги организираше квалификационите натпревари за учество на 26.Републички квиз во знаење.

Оваа година поради ситуацијата со пандемијата Управниот одбор донесе одлука Републичкиот квиз натпревар да се одржи во Скопје, во два дена на 26 и 27 септември, екипите да бидат составени од по два натпреварувачи (наместо по тројца).Првиот ден се одржаа 4 четвртфинални квиз натпревари, а вториот ден два полуфинални и еден финален натпревар. Натпреварите беа спроведени со строго почитување на мерките за заштита од ширење на корона вирусот, со дезинфекција на раце и нозе, мерење на температура со бесконтактен топломер, потпишување на изјави за согласност и прифаќање на ризик, правилно носење на маска, дезинфекција на подни површини, маси и уреди, пред и по завршување на секое коло од натпреварот и одржување на пропишана дистанца. На натпреварот учествуваа 12 екипи, кои беа поделени во четири четвртфинални групи, составени од по три екипи. Најдобра екипата со освоени 80 поени беше екипата на Мобилност Кочани, на второ место со освоени 57 поени се пласира екипата на Мобилност Велес,  а третото место со освоени 44 поени му припадна наекипата од Мобилност Радовиш.

Мобилност Македонија согласно Програмата за работа, распиша конкурс за најдобра литературна творба.  На конкурсот со свои творби учествуваа 11 лица со телесен инвалидитет од Скопје, Струмица, Гевгелија, Радовиш, Битола, Ресен, Штип, Велес, Прилеп и Кочани. Мобилност Македонија оваа година по 26 пат го  распиша конкурс за најдобра литературна творба. Пристигнатите творби ги оценуваше стручна жири комисија и тројцата најдобро рангирани автори лица со телесен инвалидитет  ќе бидат  наградени со плакети.

По одлука на Управниот одбор на Мобилност Македонија, издадовме збирка на наградени литературни творби од последните десет години (2010-2019). Збирката на наградени литературни творби е со наслов „Ајде да пишуваме“ и е отпечатена во 300 примероци.

            Мобилност Македонија со финансиска помош ја подржа самостојната изложба на слики на членот на сојузот академскиот сликар Тома Димовски. Изложбата беше подржана и од Факултетот за ликовна уметност и Министерстото за култура, а средствата беа наменети за набавка на потребните сликарски материјали односно за набавка на триграмска хартија потребна за изложбата.

11.Соработка со домашни и меѓународни организации

Мобилност Македонијаво 2020 година успешно соработуваше со повеќе домашни   и меѓународни институции и организации.Особено сакаме да ја истакнеме соработката со:

-Министерството за труд и социјална политика;

- Министерство за транспорт и врски;

- Министерство за здравство

- ИППЛГ;

-Националниот Совет на инвалидските организации на Македонија;

--Фонд за здравствено осигурување на Македонија;

- Канцеларијата на Европската комисија;

- УСАИД;

- УНДП

-УНИЦЕФ

-УЕФА

-Хелсиншки комитет за човекови права

-Јавно претпријатие за државни патишта;

-Центарот за ортотика и протетика „Славеј“

-Ортопедските куќи Бауерфајнд и Медикус Хелп;

-Ортопедски центар ОРТОПРО ЕТЕР

- Фудбалската федерација на Македонија;

- ФИФА;

- Сојуз на параплегичари и квадриплагичари на Србије;

- Сојуз на заболени од мултипла склероза на Војводина Србија

- Канцелариите на ООН во Македонија;

- Сојуз на параплегичари на Словенија;

- Сојуз на параплегичари и заболени од детска парализа на БИХ;

- Друштво на заболени од мултипла склероза на Хрватска;

 - Европски форум за инвалиди (ЕДФ);

- ЕСЦИФ

- ФИМИТИК;

- Европска комисија;

- Канцеларијата на народниот правобранител.

- Градот Скопје

- Црвен крст на Македонија

12. Финансирање

Потребните средства за реализирање на програмските активности на Мобилност Македонија во 2020 година беа обезбедени од Министерството за труд и социјална политика, согласно Законот за инвалидски организации, а во рамките на распределбата на средствата прибрани од игри на среќа.

За потребите на успешно делување беа преземани активности за обезбедување на финансиски и материјални средства за работа преку проекти, донации, спонзорства и други извори.

МОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА

Претседател,

Бранимир Јовановски