Oдржано 24-то државно првенство во шах за лица со телесeн инвалидитет
На 06-07 октомври 2012 година во хотел „Цар Самуил“ во с.Банско, Струмица, беше одржано дваесет и четвртото државно првенство во шах за лицата со телесен инвалидитет на Македонија во организација на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија - Мобилност Македонија и Националната федерацијата за спорт и рекреација на инвалидите на Македонија - Македонски параолимписки комитет. Првенството се играше по Швајцарски систем во седум кола, викенд правила на ФИДЕ, со темпо на игра – 30 минути по играч. За победниците при ист број на поени решаваа подобар прогрес, потоа бухолц, број на победи – по приоритет.
Работилница за правата на лицата со инвалидност во здравството
На 27-28.09.2012, Министерството за здравство ја организираше горенаведената работилница со поддршка на Институтот на ЕК за техничка помош, информации и размена. Истата е поддржана од Конвенцијата на Светската Здравствена Организација. Основна цел на работилницата е подигнување на капацитетот на здравствените работници и другите вработени во здравствениот сектор, со осврт кон здравјето и инвалидноста преку интеграција и научен пристап. Целта е да се промовира имплементација на „холистички“ пристап кон инвалидноста, социјален аспект, а не само медицински или биолошки дисфункции.
Почитувани членови,
Министерството за труд и социјална политика на 24.07.2012 година остварило работен состанок со претставници на Министерството за здравство и Комисиите за издавање на Наод и Мислење за лица со попреченост:
- Ј.З.У. Завод за физикална медицина и медицинска рехабилитација, Скопје, (за остварување на право на мобилност)
- Служба за ментално здравје на деца и младинци при Ј.З.У. Здравствен дом - Скопје, (за остварување на право на слепило)
- Служба за ментално здравје на деца и младинци при Ј.З.У. Клиничка болница Битола, (за остварување на право мобилност и слепило)
- Ј.З.У. Клиничка болница-Тетово (за остварување на право на мобилност и слепило)
- Ј.З.У. Здравствен дом- Штип, (за остварување на право на мобилност и слепило)
На состанокот биле донесени следните заклучоци:
1. Сите баратели за остварување на овие права да се испратат на некоја од горенаведените Kомисии во зависност кое право треба да се оствари.
2. Комисиите се должни точно да ја наведат дијагнозата во наодот и да заокружат дали лицето може или не може да го оствари бараното право.
3. Правото на остварување на посебниот додаток за мобилност и слепило се остварува од денот на поднесување на барањето.
4. Истовремено Ве известуваме дека ова право може да го остварат и лицата кои што се сместени и во постојните установи за социјална заштита.
На Мобилност Македонија останува во наредниот период да се искоординира со министерството за следното:
1.Да се официјализира со посебен допис работата на комисиите;
2.Да се донесе одлука дали подносителите на барањата ќе одат на комисија самоиницијативно, или со посебен допис ќе бидат известени од Центрите за социјални работи за термини кога да се јават на комисија;
3.На чиј терет ќе бидат трошоците од прегледот, на министерството или на подносителите на барањата.
Очекувам овие дилеми да ги разрешиме до средината на следната недела за што повторно ќе ве информирам.
Почитувани колеги со најтешка телесна инвалидност,
Денес добив нова информација во врска со остварувањето на правото на додаток за мобилност. Центрите за социјални работи по општините имаат добиено инструкции и формулар - Барање за остварување на право на додаток за мобилност. Подолу во текстот го објавувам текстот на барањето. Истото ќе го добиете во Центарот за социјални работи во вашиот град. Пополнете го и доставете со него фотокопија од медицинска документација која е назначена во самото барање. Поднесете ги барањата во текот на следните неколку денови (најитно што можете) за да може вашиот предмет да биде земен во обзир при одлучувањето.
Можно е да се случи (доколку министерот така одлучи) да бидете упатени повторно на комисија за да добиете нов наод и оценка за вашиот степен на инвалидност. Тоа не ве ограничува да поднесете барање со стар наод, оценка и мислење, напротив, треба да го сторите тоа.
По добивање на нова информација, веднаш ќе бидете известени.
Следи текстот на Барањето и опис на потребна документација за аплицирање.