НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА     

Mobile menu

krusevo1

МОБИЛНОСТ СКОПЈЕ ВО ПОСЕТА НА СПОМЕН КУЌАТА НА ТОШЕ ПРОЕСКИ

На ден 25.01.2012 година, по повод роденденот на трагично почината македонска поп ѕвезда Тоше Проески, вонсериски музичар кого го красеше добрина, хуманост, големо срце, и ангелски глас, членовите на Здружението на лица со телесен инвалидитет на Скопје - Мобилност Скопје, имаа можност да го посетат неговото вечно почивалиште и спомен куќата во Крушево.

Многу фанови му оддадоа почит, а меѓу нив дента беа и 100-тина членови на здружението на лица со телесен инвалидитет на град Скопје - Мобилност Скопје кои се вклучија во достоинственото одбележување на 31 - годишнината од неговото раѓање.

 

Идејата за овој настан е на г. Сашо Николовски, возач во градското такси „Сонце“, и со одобрување од сопственикот на такси компанијата г. Гојчо Стефковски, дојде до реализација на истата. Градското такси Сонце овозможи 25 возила кои сообраќаа Скопје- Крушево-Скопје.

Тргнувањето беше од пред портата Македонија, од каде во колона од 25 возила, 100-тина членови на Мобилност Скопје тргнаа кон Крушево, во посета на спомен куќата на Тоше Проески и неговото вечно почивалиште. Градско такси „Сонце“ со овој хуман гест покажа дека сеуште постојат луге кои со својот пример го следат патот на хуманоста и добротворноста кои во аманет ни го остави нашиот Тоше. За организација на овој хуман и несебичен настан, Мобилност Скопје им изразува голема благодарност на градско такси „Сонце“.

Посебна благодарност им изразуваме на фурна „Специјал“, која даде бесплатна ужина за членовите на Мобилност Скопје, како и до припадниците на Единицата за Специјални Задачи „Тигри“, која ја отстапи дневната маренда на членовите на Мобилност Скопје.

Тргнувањето и целиот настан беше проследен од телевизија „Сонце“, на која изразуваме посебна благодарност. Фондацијата „Тоше Проески“ овозможи бесплатен влез во спомен куќата на Тоше Проески, и за секој член следуваше по едно DVD со последниот концерт на нашата голема ѕвезда Тоше Проески.

Здружението на лица со телесен инвалидитет на град Скопје - Мобилност Скопје однесе постер со ликот на Тоше Проески и положи цвеќе на неговиот вечен дом на Гумење. Градското такси „Сонце“ им подели календари на членовите на Мобилност Скопје.

И покрај лошото време, ни беше чест да учествуваме во достојносто одбележување на денот кога пред 31 година се роди Тоше Проески, и да бидеме сведоци на прекрасната, сепак по малку тажна атмосфера во спомен куќата на Тоше Проески. Уште еднаш изразуваме благодарност на градско такси „Сонце“, без чија иницијатива и соработка немаше да се случи посетата на Крушево.

Здружението на лица со телесен инвалидитет на Скопје Мобилност Скопје ќе се погрижи овој настан стане традиција и секоја година членовите на здружението да имаат можност да му оддадат почит на прерано починатата мега-ѕвезда, нашиот Тоше Проески.