НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА     

Mobile menu

СЦ „Борис Трајковски“Спортско - рекреативниот центар „Борис Трајковски“ за сите граѓани со одреден вид на инвалидност, нуди бесплатно пливање во базенот. Исто така нуди и бесплатни часови по пливање во пливачката школа што ја водат осум тренери под раководство на познатата пливачка Наташа Мешковска и други стручни лица. Освен пливањето, лицата со инвалидност во зависност од попреченоста можат да посетуваат и други обуки што се нудат во салата, и тоа во фитнес центарот, кугланата, пинг-понг салата, сауната и друго.

 

Особено важно е што објектот има непречен пристап до објектот, до базенот, до просториите и салите за рекреација и што е најважно има прилагодени тоалети.

Според надлежните, базенот во СРЦ „Борис Трајковски“ може да се користи секој ден од 9-11 часот а во недела цел ден. Услов за користење на базенот е да се поседува капа за пливање и класичен костум за пливање (не е дозволено користење на базенот во бермуди или панталони до коленици) како и членска карта од здружението. Во понеделник базенот не работи. Според надлежните, бројот на заинтересирани не е ограничен. Придружникот на лицето со инвалидитет не е ослободено од плаќање карта за влез на базенот и таа чини 200 денари.

Другите сали во СРЦ „Борис Трајковски“ се на услуга секојдневно од 10 часот наутро па се до полноќ.

За лицата со инвалидност надлежните припремаат уште едно изненадување во вид на гратис влезници за сите концерти кои ќе се одржуваат во салата на СРЦ „Борис Трајковски“.

Објектот на СРЦ „Борис Трајковски“ е еден од ретките јавни објекти со прилагодени влезови и тоалети за инвалидни лица. Исто така се и редок сублект кој за оваа категорија на граѓани нуди можности истите да се почуствуваат дека се рамноправен дел од општеството.