Одржана VIII седница на Управниот одбор на Мобилност Македонија
На 30.10.2012 година во ДХО „Даре Џамбаз“ во Скопје беше одржана VIII седница на Управниот одбор на Мобилност Македонија. На дневниот ред на седницата беа поставени и дискутирани повеќе прашања и беа донесени соодветни одлуки.
3-та тематска средба и одбележување на јубилеј 20 години Мобилност Кавадарци
Согласно одлуката на Управниот одбор на Мобилност Македонија, на 20.10.2012 година во Кавадарци, во салата на ресторанот Ангропромет – Тиквешанка, во присуство на членови од здруженијата на Мобилност Македонија беше одржана третата по ред за годинава тематска работилница во рамките на која беше пригодно одбележан и јубилејот 20 години успешно работење и делување на Мобилност Кавадарци, дваесет години на преземени многубројни активности за остварување на правата на лицата со телесен инвалидитет на територија на општина Кавадарци.
НОВ ЗАКОН ЗА ПЕНЗИСКО И ИНВАЛИДСКО ОСИГУРУВАЊЕ
Во Службен весник на РМ бр. 98 од 01.08.2012 година објавен е новиот Закон за пензиско и инвалидско осигурување на. Ова е сосема нов закон со што значително се упростува работата со овој Закон бидејќи досегашниот закон имаше голем број на измени и дополнувања и неговата примена во пракса дури и за правниците кои се навикната да работаат со бројни измени на законите беше тешко да се снајдат и да дадат толкување на некои одредби. Сепак, се работи за еден системски и комплексен закон кој регулира една значајна област од животот и неговите одредби сите нас не засегнуваат на овој или оној начин. За правилната примена на овој Закон не е потребно само да се познава вештината на толкувањето туку потребно е и долгогодишно работно искуство во оваа област и добро познавање на прописите.
Меѓународна тематска работилница Охрид 2012
Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија од 02-05.10.2012 година во Охрид одржа меѓународна тематска работилница на која учествуваа претставници од Сојузот на параплегичарите на Словенија, предводени од претседателот Дане Кастелиц, и Сојузот на параплегичари и квадриплегичари на Србија, предводени од претседателот Михајло Пајевиќ. Делегацијата на Мобилност Македонија беше во состав: Браними Јовановски – претседател, Софка Прчева – генерален секретаар, Велибор Јаќимовски, Рашо Талунџиќ, Ристо Фотевски, Венко Голабоски, др.Нико Јанков, Муштеба Амети и Митко Фидановски – членови на Управен одбор и Собрание на Мобилност Македонија.