НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА     

Mobile menu

LogoНа 09.02.2013 година во Домот на ХО „Даре Џамбаз” Скопје, со почеток во 12 часот се одржа Седницата на редовното годишно Собрание на Мобилност Македонија.

Со седницата раководеше претседателот на сојузот, а по утврдувањето на дневниот ред, беа избрани записничар и двајца оверувачи на записникот.

По разгледувањето и усвојувањето на Записникот од  седница на Собранието на Мобилност Македонија одржана на 28.02.2012 година, се донесоа повеќе одлуки за усвојување на одредни акти на Мобилност Македонија меѓу кои:

-Се донесување одлука за измени и дополнување на Правилникот за дисциплинска  и материјална одговорност на Мобилност Македонија;

-Се усвои пречистен текст на Правилникот за дисциплинска и материјална одговорност на Мобилност Македонија;

-Се разгледа и усвои Извештајот за работа на Мобилност Македонија за 2012 година;

-Се разгледа и усвоиИзвештајот од Надзорниот одбор за извршена контрола врз материјално-финансиското работење на Мобилност Македонија во 2012 година;

-Се разгледа и усвои Извештајот за финансиско и материјално работење на Мобилност Македонија за 2012година и Годишна сметка на сојузот за 2012 година;

-Се разгледаа и усвоија Извештаите од комисиите за попис на средствата на Мобилност Македонија во Скопје и во апартманите во Охрид;

-Се разгледа и усвои Програмата за работа на Мобилност Македонија  за 2013година;

-Се разгледа и усвои Финансискиот план за потребни средства за работа на Мобилност Македонија во 2013 година;

-Се овласти Управниот одбор да избира претставници Мобилност на Македонија во Собрание на НФСРИМ-МПК.