Благодарение на картите кои ни ги донира сопственичката на Bauerfeind од Скопје, Ирена Тепиќ, 15 членови на Мобилност Македонија, од кои повеќето кои користат инвлидски колички, и уште толку нивни придружници на 18.03.2012 година беа дел од навивачката група на ракометниот клуб Металург кој во прекрасна спортска атмосфера, во тешка и исклучително фер спортска борба го надигра реномираниот хрватски клуб Загреб, со резултат 19:18.
Им посакуваме поволен резултат на ракометарите на Металург и на возвратната средба која ќе се игра на 24.03.2012 година во Загреб.
Мобилност Македонија со свои претставници учествуваше на конференцијата за „Поттикнување на социјалната инклузија и инклузивен пазар на трудот“, ИПА проект финансисран од Европската Унија кој треба да ги зајакне човечките ресурси во сите институции кои што работат со ранливите групи, но и на самите лица коишто спаѓаат во овие категории.
Овој проект ќе се спроведува во Македонија во наредните 20 месеци. Главна цел е градење на институционални капацитети, развој на човечки ресурси и подобрување на ефикасноста на социјалните установи за потикнување на социјалната инклузија кај ранливите групи, како и јакнење на човечките ресурси во државните институции, локалната заедница, работните организации, кадешто треба да се унапреди знаењето на сите коишто работат со ранливите групи и со лицата со инвалидност.
Управниот одбор на МОБЛНОСТ МАКЕДОНИЈА на својата седница одржана на 28.02.2012 година го усвои распоредот за користење на апартманите во Охрид за 2012 година.
Рокот за поднесување на барањата од членовите за користење на апартманите за закрепнување и рехабилитација е од 25.03-10.04.2012 година. Барањата ќе се поднесуваат во канцелариите на здруженијата.
Во 2012 година апартманите ќе се користат во следните термини:
На ден 25.01.2012 година, по повод роденденот на трагично почината македонска поп ѕвезда Тоше Проески, вонсериски музичар кого го красеше добрина, хуманост, големо срце, и ангелски глас, членовите на Здружението на лица со телесен инвалидитет на Скопје - Мобилност Скопје, имаа можност да го посетат неговото вечно почивалиште и спомен куќата во Крушево.
Многу фанови му оддадоа почит, а меѓу нив дента беа и 100-тина членови на здружението на лица со телесен инвалидитет на град Скопје - Мобилност Скопје кои се вклучија во достоинственото одбележување на 31 - годишнината од неговото раѓање.