Меѓународна конференција за мултипла склероза во Нови Кнежевац
Претставници на МОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА, претседателот Бранимир Јовановски и генералниот секретар Софка Прчева, како и претседателот на Мобилност Скопје, Дејан Ѓорѓиевски и претседателката на огранокот на МС од Скопје, Биљана од 26-29.06.2012 година учествуваа на Меѓународна конференција посветена на лицата заболени од мултипла склероза што се одржа во Нови Кнежевац, Србија. Познати невролози од Унгарија и Србија ги презентираа новите методи при лечење на оваа болест, а Проф.др. Чондор Наѓ од Нови Сад презентираше модел на мрежа на сервисни услуги, во работна верзија наречена NEXUS. Подоцна, во комуникацијата со претставниците на Мобилност Македонија изрази желба да ја вклучи и Република Македонија во регионалното движење. Имено, се работи за систем на обука на специјалисти од разни области: офтамолози, стоматолози, гинеколози, хирурзи, психолози, нутриционисти и други профили, како се постапува со лицата заболени од МС кога ќе бараат соодветни услуги. За формирање на ефикасна мрежа и спроведување на проектот во дело, побарани се средства од Норвешка, со голема шанса да се добијат бидејќи презентираниот модел е всушност модел по кој функционира Норвешка и останатите скандинавски држави кога се во прашање лица заболени од мултипла склероза.
Одржани 24-ти Републички спортски игри на лица со телесен инвалидитет на Македонија
Дваесет и четвртите Републички спортски игри на лица со телесен инвалидитет на Македонија се одржаа од 08-10.06.2012 година на спортските терени во Струга и Охрид, а во организација на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија и во соорганизација со Националната федерација за спорт и рекреација на инвалидите на Македонија – Македонски параолимписки комитет. Спортистите беа сместени во хотелот “Галеб” во Струга, додека натпреварите се одржаа: стрелаштвото на стрелиштето „Бејбунар“ во Охрид, атлетиката на стадионот на ФК “Караорман” во Струга и пинг понгот во малата сала „Нико Нестор” во Струга. Ова е убава прилика да им изразиме голема благодарност на спортските работници од ФК „Караорман” од Струга, кои и овојпат дозволија бесплатно користење на стадионот за одржување на натпреварите во атлетски повеќебој.
Почитувани колеги, лица со најтешка телесна инвалидност,
ЗА ЧЛЕНОВИТЕ НА МОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА ПОВОЛНА ПОНУДА ОД ONE
За членовите на Националниот Сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија - Мобилност Македонија, ONE понуди два тарифни модела во мобилната и фиксната телефонија:
- Тарифeн модел ONE Mobile Care
- Тарифeн модел на ONE Fix Care