ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПОПУСТ ПРИ РЕГИСТРАЦИЈА НА ВОЗИЛА ЗА ЧЛЕНОВИТЕ НА МОБИЛНОСТ-СКОПЈЕ
На Управниот одбор на Здружението на лица со телесен инвалидитет на Скопје – МОБИЛНОСТ СКОПЈЕ, одржан на ден 27.07.2011 година(среда), донесена е одлука за соработка со осигурителбата компанија ЕВРОИНС која нуди попуст од 10% на полиси за регистрација на возила за сите членови на Мобилност Скопје кои имаат сопствени возила.
Осигурителната компанија ЕВРОИНС покрај полисите за регистрација на возилаги нуди следниве услуги: каско осигтурување,патничко осигурување, зелен картон и автоодговорност.
Исто така Аутомакедонија нуди 50% попуст на техничкиот преглед за нашите членови кои имаат сопствени возила.
Сите членови на Мобилност Скопје кои се заинтересирани за наведениот попуст од 10% можат да се обратат во канцеларијата на Здружението или на телефон 3115-482.