Мобилност Македонија со свои претставници учествуваше на конференцијата за „Поттикнување на социјалната инклузија и инклузивен пазар на трудот“, ИПА проект финансисран од Европската Унија кој треба да ги зајакне човечките ресурси во сите институции кои што работат со ранливите групи, но и на самите лица коишто спаѓаат во овие категории.
Овој проект ќе се спроведува во Македонија во наредните 20 месеци. Главна цел е градење на институционални капацитети, развој на човечки ресурси и подобрување на ефикасноста на социјалните установи за потикнување на социјалната инклузија кај ранливите групи, како и јакнење на човечките ресурси во државните институции, локалната заедница, работните организации, кадешто треба да се унапреди знаењето на сите коишто работат со ранливите групи и со лицата со инвалидност.
Конференцијата ја отвори министерот за труд и социјална политика , Спиро Ристовски кој истакна дека:„Излезот од состојбата на сиромаштијата и социјална исклученост најдобро може да се надмине преку поврзување на давателите на социјални услуги и центрите за социјална работа, односно преку зајакнување на потенцијалите за вработување на ранливите категории на граѓани и нивна подршка при влезот на пазарот на труд, нешто што ќе се направи со овој проект. Со нивно вработување ќе дојде до прекинување на таканаречениот маѓепсан круг на сиромаштија–невработеност -исклученост- обесправеност“.
Со проектот се предвидуваат работни тренинзи кои ќе ги обучат ранливите групи побрзо и поуспешно да се вклучат во работната средина.
Со проектот ќе се препорача како да се направи единствена база на податоци која ќе овозможи полесно креирање на државните политики и мерките за активна политика за вработување.
Во рамките на проектот ќе се спроведе и кампања преку којашто ќе се објаснува како да се развие социјална економија, која е целта и предностите на таквата економија, но и ќе ја подигне јавната свест за фактот дека цивилизациското ниво на една земја е многу повисоко доколку повеќе се грижи за ранливите групи.
VII |
01-11.07.2012 |
Битола |
23 |
Свети Николе |
3 |
||
VIII |
11-21.07.2012 |
Скопје |
26 |
IX |
21-31.07.2012 |
Тетово |
26 |