НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА     

Mobile menu
001На покана на амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Angela Price Aggeler, претседателот на Мобилност Македонија, Бранимир Јовановски, присуствуваше на работна средба во просториите на амбасадата во Скопје, со уште неколку застапници на правата на лицата со инвалидност од нашата држава.
Амбасадорката Агелер го истакна своето задоволство за остварената средба со застапниците од заедницата за правата на попреченост и можноста да разговараат за предизвиците и можностите за заеднички активности. Амбасадорот го призна нивниот придонес за подигнување на свеста кај јавноста и ја пофали нивната работа и активизам низ годините.
Во својот говор, претседателот на Мобилност Македонија особено се задржа на проблемите со архитектонските бариери, непристапната околина, пред се објектите во кои се изведува наставата од основно, средно и високо образование, непристапноста на институциите и нивните подрачни канцеларии, непристапните гласачки места, но и канцелариите на ДИК во локалните самоуправи, непристапниот и јавен патнички сообраќај (градски и меѓуградски), ортопедските помагала и други прашања од интерес на нашето членство.
Беше заклучено средбите да продолжат и во иднина, а се со цел да се искористи влијанието на американската амбасада и нејзините претставници во подобрување на положбата и правата на лицата со инвалидност во нашата држава.
Амбасадорката апелираше на поголема сплотеност помеѓу претставниците и организациите на лицата со попреченост, како единствен глас во борбата за подобри права, самостоен и независен живот.