НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА     

Mobile menu
001На 20.07.2023 година, во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, Здружението за асистивна технологија „Отворете ги прозорците“, во соработка со Народниот правобранител, а со поддршка на Фондацијата за демократија на Вестминстер (ВФД) во рамки на проектот „Практикувај демократија“ поддржан од Британската Амбасада во Северна Македонија ја презентираше изготвената анализа која има за цел да ја согледа состојбата со пристапноста до високото образование за лицата со попреченост. Иницијативата за оваа студија произлегува од обврската на државите потписнички на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост да обезбедат лицата со попреченост да имаат пристап до високото образование, без дискриминација и на еднаква основа со другите, поради што е потребно да овозможат разумно прилагодување за лицата со попреченост.
Анализата ја утврдува физичката пристапност на објектите на факултетите кои се во рамки на државните универзитети, достапната литература во пристапен формат обезбеденоста со асистивна технологија и/или друг вид на индивидуализирана поддршка за студентите со попреченост како и евалуација на бројот на студенти со попреченост во сите три циклуси на студии.
По воведните излагања и обраќања од г-а Дона Костуранова, Директорка на ВФД за Северна Македонија, г-а Васка Бајрамовска - Мустафа, Заменик Народен правобранител, потоа претставничката од Интерпартиската парламентарна група за правата на лицата со хендикеп, и на г-дин Исмаил Камбери, Претседател на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, програмскиот менаџер во Отворете ги прозорците, Кристијан Лазарев ги презентираше клучните наоди од анализата.
За дискусија се јавија поголем број на студенти со попреченост кои ги образложија пречките со кои се среќавале, или се уште се среќаваат во текот на високообразовниот процес, а за дискусија се јави и претседателот на Маобилност Македонија кој ги апострофираше клучните проблеми со кои се среќаваат студентите со телесен инвалидитет во образовниот процес и што се сме направиле како сојуз кој ги застапува и претставува лицата со телесен инвалкидитет во Северна Македонија за подобрување на ова состојба и овозможување на пристапност до објектите во кои се изведува настава, како и ослободување од партиципација за студирање во сите три степени на високо образование.