НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА     

Mobile menu
001 2023Мобилност Македонија посочува дека овој ден, кој се одбележува секоја година на 6-ти октомври, треба да послужи како платформа за подигање на свеста за церебралната парализа, за поддршка на оние кои живеат со оваа состојба и се залага за поголема вклученост и разбирање. Децата и возрасните погодени од церебрална парализа често се соочуваат со предизвици кои го попречуваат нивното целосно учество во општеството. Денот фрла светлина врз потребата за зголемена свест, разбирање и поддршка за лицата со церебрална парализа.
Темата за Светскиот ден на церебралната парализа во 2023 година е „Заедно посилни“. Оваа тема ја нагласува важноста на единството, соработката и взаемната поддршка во заедницата за церебрална парализа и пошироко. Истакнува дека кога поединците, семејствата, старателите и заедниците ќе се здружат, тие стануваат моќна сила за позитивни промени и вклучување.
Светскиот ден на церебрална парализа е обид да се соберат иноватори, едукатори, инженери, лекари, бизниси, влади и непрофитни организации ширум светот за да можат да помогнат во создавањето иновативни решенија за реалните и секојдневните проблеми со кои се соочуваат лицата со церебрална парализа.
Светскиот ден на церебралната парализа (World Cerebral Palsy Day) е глобално движење кое започна во 2012 година. Тоа има за цел да ги обедини луѓето кои живеат со церебрална парализа, нивните семејства, поддржувачи и организации од над 100 земји, се со цел да се обезбеди иднина во која децата и возрасните со церебрална парализа ќе ги имаат истите права, пристап и можности како и секој друг во нашето општество.
Церебрална парализа (ЦП) претставува непожелен глобален феномен, а овој ден нè потсетува на над 17 милиони луѓе во светот кои се погодени од ова состојба. Церебралната парализа е една од најчестите физички попречености што ги погодува најранливите меѓу нас - децата. Дополнително, ЦП останува присутна низ текот на целиот животен век на детето без ефикасен лек за целосен опоравок, но со можност со примена на одредени медицински третмани, физикални вежби, ортопедски помагала и оперативни зафати, истата значително да се подобри.
Церебралната парализа е најчеста попреченост во детството, но сепак во целиот свет малку се знае што е тоа ЦП и како е предизвикана. Важно е да се знае дека церебралната парализа не е болест, туку се смета за нарушување, различно од една до друга личност, кое може да се манифестира со слабост на едната или двете раце, епилепсија, интелектуална попреченост или тотална неспособност да се контролира движењето, како што е на пример одењето.
Неколку факти за церебрална парализа што ќе ве натераат на размислување:
-ЦП главно ги погодува децата. Бројките се вознемирувачки.
-едно од четири деца со ЦП не е во можност да зборува;
-едно од три деца не може да оди;
-едно од две деца се соочува со некоја форма на ментална или интелектуална попреченост;
-едно од четири деца има епилепсија.
-ЦП ги погодува доенчињата. Едно од 500 новороденчиња е родено со церебрална парализа.
-Скоро половина од луѓето со ЦП се родени предвреме.
-Церебрална парализа стигматизира. Во многу општества ширум светот, луѓето со ЦП се чуваат необразовани и скриени од остатокот на популацијата во заедницата.
Мобилност Македонија со своето посветено работење преку разни форми на делување за подобрување на правата и положбата на лицата со телесен инвалидитет во Северна Македонија, денес претставува катализатор на промените за подобрување на животот на лицата со церебрална парализа и со тоа се приклучува кон годинешниот светскиот слоган „TOGETHER STRONGER“, односно „ЗАЕДНО ПОСИЛНИ“.
Клучните области на промени вклучуваат подобрување на: Нивото на Јавната свест; Образование; Квалитетот на животот; Медицински / терапевтски третмани; Давање наш придонес; Граѓански права итн.
001 2023