Репрезентацијата на Мобилност Македонија во состав: Јанчо Ѓорѓевски на прва табла, Горан Војновски на втора табла, и Тоде Арсов на трета тавла, го освои првото место со максимален број на победи (4) на 15. Меѓународно првенство во шах за лица со телесен инвалидитет, што се одржа од 13-15.10.2023 во Бања Лука, на кое учествуваа и екипите на: Тител од Србија, репрезентација на Република Српска, репрезентација на федерација БиХ и репрезентација на параплегичари на Словенија.
Дополнително, Горан Војновски го освои првото место со максимален број на победи (4) на втората тавла, а Тоде Арсовски првото место со максимален број на победи (4) на третата табла. Јанчо Ѓорѓевски имаше половичен успех на првата табла со 2 победи и 2 пораза.
Честитки до екипата за големиот успех.