-
Детали
„Слобода, еднаквост и правда за сите"
По покана од Канцеларијата на ОН во Република Северна Македонија по повод денот на ОН, претставниците на Мобилност Македонија, Бранимир Јовановски и Совка Прчева, на 24.10.2023 година во хотелот Александар Палас учествуваа на Годишната конференција на ОН за 2023 година под наслов „Слобода, еднаквост и правда за сите“.
Конференцијата ја отвори Росана Дуџак, постојан координатор на Обединетите Нации во Северна Македонија.
На ова конференција, претставниците на ОН во Северна Македонија ги здружија силите со националните и меѓународните партнери за унапредување на еднаквоста и човековите права по повод Денот на OН и 75-годишнината од Универзалната декларација за човекови права (УДЧП) кои се од суштествено значење за одржлив, правичен и инклузивен развој.
Со оглед на тоа што преостануваат уште седум години за спроведување на Агендата 2030, треба да застанеме и да размислиме дали сме сториле доволно за да ги постигнеме Целите за одржлив развој (ЦОР) низ призмата на човековите права. Треба да се запрашаме дали правиме сè што е во наша моќ за сите луѓе да имаат еднакви права и достоинство, што претставува камен-темелник на Универзалната конвенција за човековите права (УКЧП). Затоа што луѓето и нивните неделиви и еднакви права се клучни за остварување на ЦОР.
-
Детали