НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА     

Mobile menu

Активности

LogoСобранието на Република Северна Македонија на седницата одржана на 18 јули 2023 година, во Законот за здравственото осигурување, донесе измени во член 34 став 1 алинејата 2 која сега гласи:
„- осигурените лица со попреченост, според прописите за детска заштита и социјална заштита,“.
Имено, согласно член 32 од законот, осигурените лица учествуваат со лични средства при користењето на здравствени услуги и лекови, но најмногу до 20% од просечниот износ на вкупните трошоци на здравствената услуга, односно лековите.
Член 34 од Законот го дефинира ослободувањето од учество, и до донесувањето на ова измена од учество со лични средства беа ослободени само децата со попреченост, според прописите за заштита на децата (детска заштита).
Со ова измена, се ослободуваат осигурените лица со попреченост (без оглед на возраст), меѓутоа само оние кои користат некое право од детска заштита или социјална заштита.
Повеќе: ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНОТО ОСИГУРУВАЊЕ
001На 01.12.2023 година, во „Порта Македонија“ беше одржана Изложбата на уметнички дела од 12. Меѓународна ликовна колонија „Охрид 2023“, во организација на Мобилност Македонија, а со финансиска поддршка од Министерството за труд и социјална политика.
Изложбата за отворена ја прогласи министерката за труд и социјална помош, Јованка Тренчевска, која истакна дека министерството ги препознава и поддржува програмските активности на Мобилност Македонија, а истакна дека ќе се заложи уметничките дела, како овие, така и тие од претходните години, да бидат изложени во повеќе галерии и донаторски изложби во повеќе градови, а се со цел делата да се отуѓат, а средствата да се рефинансираат за нови активности од областа на културата и уметноста на лицата со телесен инвалидитет.
Претседателот на Мобилност Македонија, Бранимир Јовановски, и се заблагодари за одвоеното време и внимание на министерката Тренчевска, и истакна дека сојузот и министерството одамна имаат изградено партнерски односи и во непосредна комуникација се трудат да ги подобрат правата и положбата на лицата со телесен инвалидитет во државата.
Повеќе: ИЗЛОЖБА НА УМЕТНИЧКИ ДЕЛА ОД МЕЃУНАРОДНАТА ЛИКОВНА КОЛОНИЈА „ОХРИД 2023“
001На 28-29.10.2023 година, во хотелот "Конгресен Центар" во Охрид, во организација на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Северна Македонија - Мобилност Македонија, во соорганизација со Параолимпискиот комитет на Северна Македонија, се одржува 35. Државно првенство во шах за лица со телесен инвалидитет на Македонија, на кое учествуваат 21 шахист од нашата држава и двајца учесници од Бања Лука.
Првенството помина во фер и коректна борба, сите недоразбирања беа решени од страна на судијата Тони Пајдаков, брзо и согласност со правилата на играта, но понекогаш со посилни емоции од страна на натпреварувачите заради желбата за освојување на што е можно повеќе поени кои носат и подобар пласман на табелата.
Првото место го освои Даниел Нунески од Охрид со освоени 6 поени (од седум можни), второто Горан Војновски од Кочани со 5,5 поени и третото Јанчо Ѓорѓевски од Куманово со освоени 5 поени. Првопласираните 10 спортисти (во овој случај 12 заради гостите од Бања Лука) се стекнуваат со директен пласман за следното државно првенство.
Повеќе: 35. ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ВО ШАХ ЗА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА
001„Слобода, еднаквост и правда за сите"
По покана од Канцеларијата на ОН во Република Северна Македонија по повод денот на ОН, претставниците на Мобилност Македонија, Бранимир Јовановски и Совка Прчева, на 24.10.2023 година во хотелот Александар Палас учествуваа на Годишната конференција на ОН за 2023 година под наслов „Слобода, еднаквост и правда за сите“.
Конференцијата ја отвори Росана Дуџак, постојан координатор на Обединетите Нации во Северна Македонија.
На ова конференција, претставниците на ОН во Северна Македонија ги здружија силите со националните и меѓународните партнери за унапредување на еднаквоста и човековите права по повод Денот на OН и 75-годишнината од Универзалната декларација за човекови права (УДЧП) кои се од суштествено значење за одржлив, правичен и инклузивен развој.
Со оглед на тоа што преостануваат уште седум години за спроведување на Агендата 2030, треба да застанеме и да размислиме дали сме сториле доволно за да ги постигнеме Целите за одржлив развој (ЦОР) низ призмата на човековите права. Треба да се запрашаме дали правиме сè што е во наша моќ за сите луѓе да имаат еднакви права и достоинство, што претставува камен-темелник на Универзалната конвенција за човековите права (УКЧП). Затоа што луѓето и нивните неделиви и еднакви права се клучни за остварување на ЦОР.
Повеќе: ГОДИШНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ОН ЗА 2023
002Репрезентацијата на Мобилност Македонија во состав: Јанчо Ѓорѓевски на прва табла, Горан Војновски на втора табла, и Тоде Арсов на трета тавла, го освои првото место со максимален број на победи (4) на 15. Меѓународно првенство во шах за лица со телесен инвалидитет, што се одржа од 13-15.10.2023 во Бања Лука, на кое учествуваа и екипите на: Тител од Србија, репрезентација на Република Српска, репрезентација на федерација БиХ и репрезентација на параплегичари на Словенија.
Повеќе: ПРВО МЕСТО ЗА МОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА НА МЕЃУНАРОДЕН ТУРНИР ВО ШАХ ВО БАЊА ЛУКА