НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА     

Mobile menu

Активности

01На 27-28.04.2024 година, во хотелот Конгресен Центар во Охрид, во организација на Мобилност Македонија и соорганизација од Параолимпискиот комитет на Северна Македонија, се одржа 36. Државно првенство во шах за лица со телесен инвалидитет на Македонија.
Учествуваа 22 шахисти од здружените членки на сојузот.
Повеќе: 36. ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ВО ШАХ ЗА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА
001На покана на амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Angela Price Aggeler, претседателот на Мобилност Македонија, Бранимир Јовановски, присуствуваше на работна средба во просториите на амбасадата во Скопје, со уште неколку застапници на правата на лицата со инвалидност од нашата држава.
Амбасадорката Агелер го истакна своето задоволство за остварената средба со застапниците од заедницата за правата на попреченост и можноста да разговараат за предизвиците и можностите за заеднички активности. Амбасадорот го призна нивниот придонес за подигнување на свеста кај јавноста и ја пофали нивната работа и активизам низ годините.
Во својот говор, претседателот на Мобилност Македонија особено се задржа на проблемите со архитектонските бариери, непристапната околина, пред се објектите во кои се изведува наставата од основно, средно и високо образование, непристапноста на институциите и нивните подрачни канцеларии, непристапните гласачки места, но и канцелариите на ДИК во локалните самоуправи, непристапниот и јавен патнички сообраќај (градски и меѓуградски), ортопедските помагала и други прашања од интерес на нашето членство.
Повеќе: РАБОТНА СРЕДБА ВО АМБАСАДАТА НА САД ВО СКОПЈЕ
cupisНационалните инвалидски организации преку Националниот совет на инвалидски организации на Македонија доби допис за пријава на лица со инвалидност за учество на гастрономски натпревар „CUPI`S SPOON 2024 MAKEDONIJA“, на 27.02.2024 година во Македонија. Заинтересираните кандидати треба да пополнат пријава на подолу посочениот линк и доколку ги исполнуваат критериумите ќе добијат натамошни инструлции за времето и местото на одржување на натпреварот.
Текстот во кој ќе ги најдете сите потребни информации ви го пренесуваме во целост и истиот е на хрватски јазик:
Повеќе: ПОВИК НА ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЧЛЕНОВИ ЗА НАСТАП НА МЕЃУНАРОДНО ГАСТРО НАТПРЕВАРУВАЊЕ „CUPI`S SPOON 2024...
001На 01.12.2023 година, во „Порта Македонија“ беше одржана Изложбата на уметнички дела од 12. Меѓународна ликовна колонија „Охрид 2023“, во организација на Мобилност Македонија, а со финансиска поддршка од Министерството за труд и социјална политика.
Изложбата за отворена ја прогласи министерката за труд и социјална помош, Јованка Тренчевска, која истакна дека министерството ги препознава и поддржува програмските активности на Мобилност Македонија, а истакна дека ќе се заложи уметничките дела, како овие, така и тие од претходните години, да бидат изложени во повеќе галерии и донаторски изложби во повеќе градови, а се со цел делата да се отуѓат, а средствата да се рефинансираат за нови активности од областа на културата и уметноста на лицата со телесен инвалидитет.
Претседателот на Мобилност Македонија, Бранимир Јовановски, и се заблагодари за одвоеното време и внимание на министерката Тренчевска, и истакна дека сојузот и министерството одамна имаат изградено партнерски односи и во непосредна комуникација се трудат да ги подобрат правата и положбата на лицата со телесен инвалидитет во државата.
Повеќе: ИЗЛОЖБА НА УМЕТНИЧКИ ДЕЛА ОД МЕЃУНАРОДНАТА ЛИКОВНА КОЛОНИЈА „ОХРИД 2023“