НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА     

Mobile menu
001Репрезентацијата на Мобилност Македонија во состав: Адем Неби од Скопје, Златко Арсовски од Делчево, Имер Сефери од Скопје, Елена Давитковска од Куманово (спортисти) и Бранимир Јовановски, претседател на сојузот и тим лидер, од 22-24.06.2023 година во Зеница учествуваше на 19-то Меѓународно отворено првенство и спортски игри на параплегичари и заволени од детска парализа на БиХ, на кои поред домашните спортисти учествуваа и спортисти од Србија, Црна Гора и Словенија.
Нашите спортисти не ја изневерија традицијата и овојпат, освојувајќи бројни медали во своите категории.
Најдобар пласман од нашите спортисти постигна Адем Неби во класа Ф58, кој освои три златни медали (ѓуле, диск и копје) и на крајот со право ја освои титулата најдобар спортист на првенството во машка конкуренција.
Имер Сефери во класа Ф57 освои 2 златни медали (ѓуле и диск) и бронзен медал во копје.
Златно Арсовски во класа Ф55 освои златен медал во копје и 2 бронзени медали во ѓуле и диск.
Елена Давитковска во класа Ф56 освои златен медал во диск и сребрен во копје.
Честитки до нашите спортисти за постигнатите резултати и голема благодарност до организаторот на натпреварот, Сојузот на параплегичари на ФБиХ, за поканата за учество и пруженото гостопримство.