1Во организација на Мобилност Македонија, од 21-27.04.2017 година во Охрид се одржа осмата Ликовна Колонија на која учество зедоа 14 уметници од Словенија, Хрватска, Србија и Македонија. Поред нашите членови Роза Мојсовска и Тома Димовски, учествуваа и членовите сликари од Сојузот на параплегичари на Словенија, Радован Грос и Јакоб Кавчиќ со своите придружници. На ликовната колонија учествуваа академските сликари: Јанко Лацо, Станислава Летиќ, Клара Томиќ-Касаш, и Катарина Новаковиќ од Србија, Жељан Павиќ од Хрватска, Зоран Јакимовски, Богоја Мојсоски и Виданка Мојсоска од Македонија.

 

Пријатна атмосфера, дружење, и креација на уметнички дела ја красеа и оваа, осма по ред, ликовна колонија. Последните неколку дена од одржување на колонијата и стрелците репрезентативци на Македонија се дружеа со уметниците, привршувајќи ги подготовките за настап на меѓународното првенство на Хановер, Германија.

1.jpg 12.jpg 13.jpg

2.jpg 20.jpg 22.jpg

3.jpg 4.jpg 5.jpg

6.jpg 7.jpg 8.jpg

9.jpg