Во организација на Мобилност Македонија, од 21-27.04.2017 година во Охрид се одржа осмата Ликовна Колонија на која учество зедоа 14 уметници од Словенија, Хрватска, Србија и Македонија. Поред нашите членови Роза Мојсовска и Тома Димовски, учествуваа и членовите сликари од Сојузот на параплегичари на Словенија, Радован Грос и Јакоб Кавчиќ со своите придружници. На ликовната колонија учествуваа академските сликари: Јанко Лацо, Станислава Летиќ, Клара Томиќ-Касаш, и Катарина Новаковиќ од Србија, Жељан Павиќ од Хрватска, Зоран Јакимовски, Богоја Мојсоски и Виданка Мојсоска од Македонија.
Пријатна атмосфера, дружење, и креација на уметнички дела ја красеа и оваа, осма по ред, ликовна колонија. Последните неколку дена од одржување на колонијата и стрелците репрезентативци на Македонија се дружеа со уметниците, привршувајќи ги подготовките за настап на меѓународното првенство на Хановер, Германија.