НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА     

Mobile menu

Одржана 10-та седница на Управниот одбор на Мобилност Македонија

15На 26 март 2013 година во хотелот „Цар Самуил“ во Банско-Струмица се одржа 10-та седница на Управниот одбор на Мобилност Македонија. На истата беа поставени 15 точки на дневниот ред и беа дадени многу информации и донесени повеќе Одлуки и Заклучоци меѓу кои:

1.Беше усвоен записникот од претходната седница на Управниот одбор одржана на 09.02.2013 година и беа дадени информации за преземените активности меѓу двете седници на управниот одбор како то се барањето за обновителна рехабилитација, барањето за толкување на Статутарна одлука на УКиМ, барање до ЈП „Градски паркинг“ за паркирање на возилата на лицата со инвалидност од внатрешноста на РМ, барање на донација компјутери и друга техничка апаратура за здруженијата упатено до Министерство за информатичко општество и администрација, како и други индормации од интерес на членовите и здружените членки.

2.Беа донесени повеќе одлуки меѓу кои:
-Одлука за распределба на апартмани за опоравок и рехабилитација во Охрид. Во 2013 година, како и во претходните години, ќе се плаќа превоз на членовите од место на живеење до Охрид и назад во висина на автобуска карта. Средства за исхрана во износ од 3.000,00 денари ќе се исплаќаат само на најранливите категории на нашите членови кои примаат социјална помош или постојана парична помош. Ова од причина што дванаесет години наназад сите инвалидски организации (со нив и нашиот сојуз) добиваат ист номинален износ на средства, а во меѓувреме сите животни трошоци се зголемија двојно (некои и тројно). Во такви услови на управување со средства, неиздржливо е, и невозможно да се исполни ова програмска задача која анимира преку 350 лица годишно. Исто така, Мобилност Македонија има дополнителни финансиски издатоци кои не се така мали за одржување на апартманите. Имено за осумнаесет години ништо не е реновирано во гарсоњерите и од минатата година започнавме со промена на душеци на креветите кои беа тотално амортизирани, редовно чистење на пареа и дезинфекција, дератизација и деинсектизација на сите апартмани, набавивме нови завеси, греалици за секој апартман, ситен инвентар, тв апарати. Плаќаме струја, вода, ѓубрарина и други комунални трошоци во неколкукратно зголемен износ за разлика од претходните годни. Воведовме кабелска тв мрежа, а од оваа година воведуваме и безжичен интернет, се планира поставување на метални решетки на прозорците за заштита од кражби кои посебно се интензивираа во последните 2-3 години, ќе поставиме ракохвати над креветите во 4 апартмани за полесно легнување и станување од кревет за нашите членови со потешка инвалидност, набавивме една нова гарсоњера која треба комплетно да се опреми со намештај и да се стави во функција, и уште многу работи од корист на нашите членови. Значи, средствата ги пренаменувме за одржување на гарсоњерите и удобноста на нашите членови во десет дневно користење на апартманите. Во рамките на ова активност се донесоа одлуки за ангажирање на лице кое ќе ја обавува активноста домаќин и хаус мајстор на апартманите, како и за целосно внатрешно опремување на новиот апартман;
-Одлука за одржување на 4-та меѓународна ликовна колонија од 20-27.04.2013 година во Охрид за која Мобилност Македонија ќе финансира патни трошоци за учесниците на колонијата, пансионско сместување, сликарски материјали и други потребни трошоци. Одборот за организација на ликовната колонија ќе направи листа на уметници кои ќе бидат поканети за учесто на колонијата;
-Одлука за одржување на 25-те републички игри во Струга од 06-09.06.2013 година со учество на преку 80 спортисти. На игрите да се покани пингпонгарската репрезентација на Хрватска, како и класификатор за атлетика;
-Одлука за одржување на 19-ти Републички квиз натпревар и на 19-ти музички средби на лицата со телесен инвалидитет кои ќе се одржат од 08-10.11.2013 година во Струмица. Во рамките на ова манифестација, на 09.11.2013 година ќе се одржи и 16-та „Тортијада“ за која со дел на средства партиципира и Мобилност Македонија;
-Одлука за распишување на конкурс за одбележување на „4-ти Декември“, ден на лицата со телесен инвалидитет на Македонија. Во рамките на ова одбележување ќе се организираат и 19-ти литературни средби на лицата со телесен инвалидитет;
-Беа донесени одлуки за одржување на 25-то Државно првенство на лица со телесен инвалидитет на Македонија по викенд правила, потоа првата тематска средба да се одржи во Дебар во рамките на истата да се одбележи и јубилеј 20 години од формирањето и делувањето на Здружението на лица со телесен инвалидитет на Дебар.
-Други тековни одлуки во интерес на членовите на Мобилност Македонија и здружените членки.