НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА     

Mobile menu

Logo

За нас

ПРОГРАМА ЗА РАБОТА

 

Програмата на МОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА опфаќа 16 главни области на делување и тоа:

1. Организациони работи

Регистрација на нови членови со пристапници,членски книшки,обработка и  анализа на податоци за социјалниот статус на члењновите и унапредување на условите за работа на Сојузот и здруженијата.

2. Имплементација на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со инвалидност

Собранието на РМ ја ратификува Конвенцијата на ОН за правата на лицата со инвалидност на 05.12.2011 година. МОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА ќе презема интензивни активности за имплементација на нејзините одредби, бидејќи со Конвенцијата сеопфатно се утврдени мерките кои треба да се преземат за остварување на правата и унапредување на положбата на лицата со телесен инвалидитет во сите области на живеење, а особено пристапот до правдата, учество во јавниот и политичкиот живот, образованието, вработувањето, забраната на тортура, искористувањето и насилството, како и слобода на движењето.

3. Здравствена заштита и помагала

Иницирање измени во прописите заради унапредување на здравствената заштита на членовите, правилна примена на Правилникот за индикации за остварување на право на ортопедски и други помагала, соработка  со здравствените институции и непосредна  помош на членовите во остварување здравствени услуги.

4. Социјална заштита

Иницијативи за зголемување на паричните надоместоци  по основ на инвалидност, обезбедување услови за сместување и згрижување на возрасни телесни инвалиди кои немаат услови за живеење во семејство, разрешување на проблемите со начинот и постапката на оценка на инвалидноста.

5. Вработување
Доследна примена на Законот за вработување на инвалиди и заштита на правата на вработените лица со телесен инвалидитет.

6. Воспитание и образование

Благовремено и што побројно вклучување на телесните инвалиди во редовните воспитно образовни институции во сите степени на образованието.

7. Бариери
Практично остварување на правото на достапност до и во јавните објекти, отстранување на сообраќајни и урбанистички бариери, како и помош во решавање на проблемите на бариери во домот.

8. Одмор и закрепнување на членовите

Бесплатно користење на сопствените објекти на МОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА во Охрид за закрепнување и рехабилитација на членовите, како и обезбедување банско климатско закрепнување за одреден број членови.

9. Спорт и рекреација

Организирање на Републички спортски игри на телесните инвалиди во атлетика, пинг понг и стрелаштво, државно првенство во шах како и учество на мегународни спортски манифестации.

10. Културно забавни активности

Организирање квиз натпревари во знаење, музичко литературни средби, подршка на сопствено културно уметничко друштво „ФЕНИКС“, конкурс за расказ на теми од животот на лицата со телесен инвалидитет, подршка на литературните и ликовни активности на членовите и др.

11. Информативна дејност

Издавање сопствено информативно гласило „ФЕНИКС 86“ во 1200 примероци со бесплатна дистрибуција до членовите, издавање разни други печатени  изданија заради информирање на членовите и пошироката јавност, сопствена веб страница, користење на печатените и електронски медиуми заради информирање и друго.

12. Прописи
Следење, проучување и иницирање измени и дополнувања на законите и подзаконските акти од интерес за членовите.

13. Советување
МОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА организира советувања на теми од разни области од интерес на лицата со телесен инвалидитет со ангажирање и учество на експерти од тие области.

14. Меѓуопштински средби

Во тековната година се планира одржување на три тематски средби во организација на одделни здруженија и една општа средба со културно забавни и спортски активности во знак на одбележување на денот на телесните инвалиди „4-ти Декември„.

15. Соработка со други организации

Продолжување и унапредување на соработката со соодветни домашни и мегународни организации и асоцијации.

16. Финансирање
Обезбедување редовни и стабилни финансиски средства за работа на МОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА и здружените членки.

 

П Р Е Г Л Е Д
на бројот и структурата на членовите на Сојузот на телесно инвалидизираните лица

на Македонија по вид на телесен инвалидитет, вкупно и по здруженија

 
    Параплегија Тетраплегија Квадриплегија Церебрална

парализа

Детска

парализа

Дистрофија Мултипла

склероза

Ампутации Останати Вкупно
1 Скопје 158 1 12 381 148 78 280 226 911 2195
2 Битола 43 1 7 102 78 21 42 148 372 814
3 Штип 32 0 0 52 18 12 26 65 495 700
4 Тетово 41 0 30 98 134 23 35 71 354 786
5 Прилеп 25 0 0 63 21 13 29 88 315 554
6 Струмица 20 0 23 64 36 20 14 35 88 300
7 Куманово 19 1 5 24 30 7 15 48 267 416
8 Кочани 42 0 3 27 18 8 24 65 177 364
9 Радовиш 11 0 0 32 14 13 11 32 154 267
10 Велес 15 0 3 37 19 8 21 15 65 183
11 Кавадарци 8 0 1 10 16 1 12 12 41 101
12 Струга 8 0 1 17 21 10 3 13 75 148
13 Охрид 12 0 0 16 15 2 7 11 47 110
14 Дебар 13 1 0 8 21 2 3 16 85 149
15 Гевгелија 7 0 0 12 8 1 1 12 30 71
16 Кичево 5 0 1 8 5 2 6 9 147 183
17 Св. Николе 3 0 0 3 3 5 3 10 46 73
    462 4 86 954 605 226 632 876 3669 7414