НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА     

Mobile menu

Убав пример за инклузија на лицата со телесен инвалидитет

slika2Инклузијата на учениците со телесен инвалидите  во редовните основни училишта претставуваа дел од светското движење, кое прокламира вклучување на сите лица со инвалидност во сите сегменти на општественото живеење.Основното училиште Ј.Х.Песталоци кое се наоѓа во општина Центар континуирано се залага за лицата со инвалидност и зазема афирмативен став за инклузивносто образование. ОУ Ј.Х.Песталоци во изминатите две години бележи голем исчекор во полето на инклузијата преку секојдневната пракса во Училиштето.

Членката на здружението на лица со телесен инвалидитет на Скопје МОБИЛНОСТ СКОПЈЕ, Вера Апостоловска е дете со церебрална парализа и е редовна ученичка во ОУ Ј.Х.Песталоци. Благодарение на условите кои и се овозможени во нејзиното училште,   компјутер кој има специјална тастатура адаптирана според нејзините потреби, таа подеднакво  со другите ученици е вклучена во сите училишни активности како што се учење, цртање, боење, разни истражувања и проекти, учество на училишните приредби и конкурси  и друго.

Вера Апостоловска учествуваше на конкурсот на тема  „Компјтерот – мојот прозорец кон светот„ со песна со ист наслов како и конкурсот

Јас сум девојче на возраст од десет/10 години и ученичка во петто одделение . Имам моторички пречки, коишто ми го отежнуваат пишувањето со рака.

За среќа живееме во 21 (дваесет и први) век, ерата на компутери. Тие не само што претставуваат мој прозорец кон светот, туку и порта кон многу нешта.

Со компјутерот почнав да се дружам уште од предучилишна возраст,

Таму има асистивна технологија .Таа ми помага во еднаков пристап кон компјутерот , така да се чувсвувам рамноправна со моите другарчиња.

За мене компјутерот претставува една волшебна кутија, којашто ми исполнува многу желби :

да игрм игри,

да научам да пишувам,

да учам англиски,

да пребарувам на интернет,

да гледам слики и слушам музика.

Значи да правм сето она , што прават моите врсници

Сега сум среќна,што домашните ги пишувам преку компјутер.

Преку образовно-инклузивниот процес во понатамошната целокупна социјална инклузија, со подршка на опшеството и повисокиот степен на јавна свест за децата и лицата со ивалидност се дава директен придонес во подигнувањето на квалитетот на нивното живеење.