НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА     

Mobile menu

Европско првенство во стрелаштво Аликанте 2013

-Две „стативи“ за македонските параолимпијци-стрелци

foto 7Македонската репрезентација во стрелаштво за лица со инвалидност учествуваше на Европското првенство во стрелаштво што се одржа во Шпанија, во Аликанте од 18-26.10.2013 година. Натпреварот беше спровден согласно правилата на ISSF и на IPC-Shooting. После подолго време, поточно од 2007 година, конечно најдобрите евтопски стрелци добија шанса да се натпреваруваат на ваков престижен натпревар. Република македонија на овој натпревар ја претставуваа: Бранимир Јовановски (тренер, селектор и натпреварувач), Оливера Наовска-Бикова, Ванчо Каранфилов и Лидија Крстеска (стрелци) и Драган Дојчиноски (тим лидер и асистент). Финансиската конструкција беше затворена благодаение на средствата од Агенцијата за млади и спорт, Министерството за труд и социјална политика, Општина Гази Баба, Скопје и Центарот за ортотика и протетика „Славеј“ Скоје. Националната федерација за спорт и рекреација на инвалидите на Македонија – Македонски параолимписки комитет им изразува голема благодарност до нашите финансиери, спонзори и донатори.

На европското првенство настапја натпреварувачи од 33 држави меѓу кои и натпреварувачи од Австралија и од Нов Зеланд. Најуспешна нација беше Украина која освои вкупно 9 медали од кои 4 златни, 3 сребрени и 2 бронзени, на второто место се пласира Русија со 8 медали од кои 4 златни, 2 сребрни и 2 бронзени, а на третото место се најде репрезентацијата на Србија со освоени 11 медали од кои 3 златни, 3 сребрени и 5 бронзени. Вкупно 14 нации се закитија со медали. Беа срушени повеќе светски и европски рекорди, како во квалификации, така и во финалните борби.

Спортистите на Македонија навистина немаа среќа на ова првенство. Беа освоени две четврти места, две „стативи“ во спортски жаргон кажано, по едно во екипна и во поединечна конкуренција. Најнапред екипата во состав: Оливера Наковска-Бикова, Бранимир Јовановски и Ванчо Каранфилов во дисциплината спорт пиштол за само 1 круг изгуби бронзен медал во диациплината спорт пиштол. Тие заедно исстрелаа 1613 кругови и го освоија четвртото место. На третото место се пласира екипата на Турција со само еден круг повеќе, 1614 кругови, второто место го освоија стрелците од Шведска со 1626 кругови, а првото место очекувано им припадна на стрелците од Русија со 1706 кругови. Ако се знае дека на двата контролни натпревари непосредно пред заминувањето за Аликанте македонските параолимпијци стрелаа над 1650 кругови, тогаш навистина пласманот иако е доста висок, всушност е вистинско разочарување.

Оливера Наковска-Бикова и овојпат беше најуспешниот македонски спортист на еден меѓународен натпревар. Беше најдобра од македонските претставници во сите три дисциплини во кои настапи, а најдобар пласман оствари во својата дисциплина воздушен пиштол жени. Со оглед на високите резултати кои ги постигнуваше во подготвителниот период, договоривме да се обидеме да го срушиме светскиот рекорд во квалификациите. Се одеше како треба до третата серија од 10 истрли кога влезе во мала криза и на крај со 377 ктугови (4 помалку од нејзиниот светски рекорд) го освои првото место во квалификациите, меѓутоа не успеа да го поправи или изедначи светскиот рекорд за малку. Од оваа година финалето се стрела по нови правила, односно на сите осум финалисти  им се бришат круговите и стартуваат од нула. Во таква ситуација, сите имаат подеднаква шанса за освојување на медал. По старите правила Оливера ќе имаше обезбедено најмалку сребрен медал, меѓутоа се случи да има малку понесигурна стрелба и кога дојде до позиција да се бори за бронзениот медал и продолжување на натпреварите, сите 4 спортиски беа поредени во 1,1 круг, а Оливера за 0,5 кругови го изгуби бронзениот медал и можноста да се бори за злато. Имени, по 16 исстрелани дијаболи, Олга Мустафиева имаше 153,9 кругови, Елена Таранова 153,7 кругови, Кристина Давид 153,3 кругови и Оливера Наковска-Бикова 152,8 кругови. „Статива“ и голема стрелачка несреќа бидејќи во последниот истрел и двете спортистки погодија 10,1. Таков е спортот, непредвидлив и нема резервирани медали. За секој медал треба добро да се намачите, но и да ве прати спортската среќа. Во ова конкуренција настапија 15 жени, а нашата втора натпреварувачка Лидија Крстеска со 353 кругови го освои 11-то место.

Машкиот дел од репрезентацијата стрелаше далеку под своите можности. Останува да се направи анализа од постигнатото и по заслужениот одмор, кон крајот на годината да се започнат подготовки за следните првенства во 2014 година и секако за најважниот настан, Светското првенство во стрелаштво кое од 19-26.07.2014 година ќе се одржи во Сул, Германија. Нашите параолимпијци настапија на Европско првенство во Сул 2007 година и освоија 3 екипни и 1 поединечен медал. Да им посакаме идната година да им се повтори Сул 2007 година.