НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА     

Mobile menu

1            На 02.04.2015 година, во канцеларијата на Мобилност Маедонија се одржа средба помеѓу Јан Грензебах – практикант во Германска амбасада во Скоје, Клаудија Петровска, оддел за администрација при амбасадата, претседателот на Мобилност Македонија, Бранимир Јовановски и генералниот секретар Софка Прчева.

            Тема на средбата беше имплементацијата на Конвенцијата на ОН за правата на лицата со инвалидност. Во разговорот ги истакнавме проблемите со архитектонските бариери кои всушност претставуваат и најголема пречка за целосна инклузија на лицата со телесен инвалидитет во општеството, бариери кои го спречуваат образованието на лицата со најтежок телесен инвалидитет и со самото тоа ги ставаат во редот на неконкурентни лица на пазарот на трудот, потоа разговаравме за квалитетот на ортопедските помагала и роковите за користење како предуслов за самостојно движење, за јавниот градски превоз, за надоместоците како компензација на инвалидноста...

Особен акцент во разговорот ставивме на Законот за измената и дополнувањето на Законот за градење донесен на 30.07.2014 година на член 11 кој се менува и гласи:

“(1) Градба со јавни и деловни намени, градби со намена домување во станбени згради како и градби со станбено-деловна намена, мора да биде проектирана и изградена така што на лицата со инвалидност ќе им се овозможи непречен пристап, движење, престој и работа до и во градбата.

(2) Градба со намена домување во станбени згради како и градба со станбено-деловна намена, со десет и повеќе станови, треба да биде проектирана и изградена така што да биде приспособена за пристап, движење, престој и работа на лица со инвалидност, во најмалку еден стан на секои десет стана, но не во повеќе од че-тири стана, а најмалку 3% од вкупниот број на местата за паркирање во паркинг просторот на овие градби тре-ба да бидат наменети за лица со инвалидност и треба да бидат обележани со соодетна хоризонтална и верти-кална сигнализација.

(3) При изградба на нови како и при реконструкција на постоечки јавни површини-пешачки патеки во цен-трално градско јадро и во паркови, јавната површина-пешачка патека треба да биде проектирана и изведена така што истата ќе има и патека за движење на лица со телесен хендикеп и лица со оштетен вид. 

(4) Техничките карактеристики и димензиите на па-теката за движење на лица со телесен хендикеп и лица со оштетен вид, ги пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за врше-ње на работите од областа на уредување на просторот.

(5) Начинот на обезбедување на непречен пристап, движење (хоризонтално и вертикално), престој и рабо-та на лица со инвалидност до и во градбите од ставовите (1) и (2) на овој член ги пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредување на просторот.“

Од наша страна беше презентиран и Правилникот за начин на обезбедување на непречен пристап, движење, престој и работа на лицата со инвалидност до и во градбите донесен 2010 година. Секако дека потенциравме дека едно е донесување на легислативата, а друго покажува праксата според која сведоци сме на мноштво на непочитување на одредбите од гореспомнатите акти.

Мобилност Мадедонија ќе ја продолжи соработката со Германска амбасада во Скопје, со цел да реализираме проекти од интерес за лицата со телесен инвалидитет.