На 19јуни, во Домот на културата „Кочо Рацин“ во Кичево, Здружението на лица со телесен инвалидитет – Мобилност Кичево,го организираше II-от по ред музички концерт од хуманитарен караттер. Граѓаните на Кичево кои до последно место ја наполнија салата во Домот на културата, уште еднаш покажаа колку се хумани и колку разбирање имаат за оваа категорија на свои сограѓани, и покажаа спремност да им помогнат. Присутните што ја наполнија салата до последно место, имаа можност да проследат двочасовна богата културно уметничка програма.
Во програмата учествуваа познати имиња од музичката естрада во земјата: Елена Велевска, Спасен Сиљановски, Мирослав Мирчевски, Фиданка Ѓорѓиевска, Елена С., Влатко Миладиновски, Златко Стојановски и културно уметничкото друштво „Кочо Рацин“.
Манифестацијата финансиски беше подржана од повеке помагатели од Кичево: РЕК „Осломеј“, „Препарими’, Регионална стопанска комора, Културната установа „Кочо Рацин“, Здружението на возачи од Кичево, Радио Кичево и многу други, и со тоа ја покажаа хуманитарната димензија во својата работа како општествено одговорни компании и институции.
Во публиката покрај многубројните граѓани на Кичево, присуствуваа членови на Мобилност Македонија од Битола, Прилеп, Дебар, Охрид и Скопје.
Хуманитарниот концерт го отвори претседателот на Мобилност Кичево, Бобан Јордановски, кој го поздрави присуството на многубројната публика и им се зблагодари на сите помагатели и подржувачи на Мобилност Кичево во организирањето на концертот. Тој ја истакна големата хуманост на своите сограѓани и нивната несебична желба и спремност да им помогнат на членовите на Мобилност Кичево. Претседателот на Мобилност Кичево информираше дека средствата собрани од овој хуманитарен концерт ќе бидат наменети подобрување на капацитетите на здружението.
На крајот на концертот на учесниците, подржувачите и помагателите во организација на оваа успешна манифестација им беа доделени благодарници.