НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА     

Mobile menu

avrmВрз основа на Оперативниот план за услуги на пазарот на труд и активни програми и мерки за вработување за 2015 година, предвидени во Програмата за работа на Владата на Република Македонија 2011-2015, Агенцијата за вработување на Република Македонија на 18.07.2015 година,  објавува

 

 

ЈАВЕН ОГЛАС

до

невработените инвалидни лица

  1. Се повикуваат сите евидентирани невработени инвалидни лица кои своето вработување сакаат да го решат со финансиска поддршка преку Програмата за самовработување на лица со инвалидност, да се пријават во работните клубови на центрите за вработување на АВРМ каде редовно се евидентираат како невработени лица.
  1. Финансиската поддршка опфаќа обезбедување на:

−        експертска поддршка во форма на обука за претприемништвото и водење бизнис, ваучер систем за изработка на бизнис план и поддршка при регистрирање на бизнисите

−        финансиска и советодавна поддршка за набавка на опрема и/или репроматеријали во висина од 310.000,00 денари;

−        финансиска поддршка за дополнително вработување за најмногу 2(две) лица во вид на опрема и/или материјали во вкупен износ од 494.000,00 денари од кои 310.000,00 денари се за реализација на самовработувањето и отварање на бизнисот и 184.000,00 денари за дополнителни 2 (две) вработувања, односно 92.000,00 денари по лице,  за кандидати кои ќе презентираат одржлив бизнис план, кој јасно укажува на потреба од вработување на  уште 1 (едно), најмногу 2(две) лица,   за успешно функционирање на бизнисот, но и преку економски и финансиски параметри  ја потврдува одржливоста на дополнителното вработување;

−        Воедно, по истекот на 9 (девет) месеци за кои правното лице има исплатено плати и придонеси може да поднесе барање до Управниот одбор на АВРМ преку центрите за вработување, за користење на неповратни средства од Посебниот фонд согласно Законот за вработување на лица со инвалидност.

  1. Лицата од точка 1 на овој Јавен оглас кои ќе регистрираат фирми и кои финансиски ќе бидат поддржани, најмалку 2 (две) години не можат да се евидентираат како невработени лица во АВРМ. Доколку лицето од точка 1  престане со вршење на дејноста (а со тоа престане и работниот однос) пред истекот на 1 (една) година од датумот на регистрирање на бизнисот има обврска да врати 80% од финансиските средства искористени за набавка на опрема и/или репроматеријали во паричен износ, во период од 12 (дванаесет) месеци. Доколку престане со вршење на дејноста пред истекот на 2 (две)години од датумот на регистрирање на бизнисот, има обврска да врати 60% од финансиските средства искористени за набавка на опрема и/или репроматеријали во паричен износ во период од 12 (дванаесет)  месеци.

-          Основачот на правниот субјект кој ќе има дополнителни вработувања , ќе има обврска да ги задржи дополнително вработените лица во работен однос најмалку уште 12 (дванаесет) месеци

  1. Доколку заинтересираното лице со инвалидност не е евидентирано како невработено инвалидно лице, има можност  тоа да го направи во соодветниот центар за вработување најмалку еден ден пред пријавувањето во Програмата за Самовработување на лица со инвалидност.
  1. Заинтересираните невработени лица од точка 1 на овој Јавен оглас, пријави можат да поднесат најдоцна до 01.09.2015 година  во работните клубови на 30-те центри за вработување во РМ.
  1. Условите, правата и обврските поконкретно ќе бидат уредени со склучување на  договор на невработените лица со АВРМ и УНДП.

Детални информации можат да се добијат во работните клубови на 30-те Центри за вработување на Агенцијата за вработување на Република Македонија, контакт центарот 02-3298-297 и веб страните  www.avrm.gov.mk и www.samovrabotuvanje.mk.

         

 АГЕНЦИЈА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА     

                                                     РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА