НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА     

Mobile menu

1 2На 05.10.2015 година со почеток во 10.30 часот, во големата сала на ДХО “Даре Џамбаз”, се одржа работилница во рамките на второто издание на проектот за “Достапна администрација за лицата со инвалидност” на која во организација на Заводот за социјални дејности - Скопје, а со поддршка од Министерството за труд и социјална политика, пред повеќе од 70 лица вработени во јавната администрација на локално ниво од повеќето локални самоуправи и државни институции, од.страна на Бранимир Јовановски беше презентирана “личната карта” на Мобилност Македонија, програмските цели и задачи, досегашните остварувања во однос на подобрувањето на правата и положбата на лицата со телесен инвалидитет во РМ, како и проблемите со кои се соочуваат лицата со телесен инвалидитет при образование, вработување или остварување на некое право во локалните самоуправи и во институциите на државата.

Претседателот на Мобилност Македонија апелираше за максимална поддршка од страна на определените лица од јавната администрација во единиците на локалната самоуправа во однос на пружање на помош при премостување на архитектонските бариери, помош при пополнување на формуларите и пред се давање на бараните информации и јавување на оставените телефони за контакт, бидејќи ако лицето со телесен инвалидитет се одлучило да се јави на тој број, тоа значи дека навистина има неопходна потреба од помош и поддршка. Проектот продолжува понатаму со соодветна динамика и на крајот, по исцрпување на сите теми од истиот, ќе бидат доделени сертификати за обучени работници во јавната администрација за помош и поддршка на лицата со инвалидност.