-Екипата на Мобилност Куманово најдобри квизаџии за 2015
На 24-25.10.2015 година во хотелот “Цар Самуил” во с.Банско-Струмица, се одржа 21 Републички квиз натпревар за лица со телесен инвалидитет на Македонија во организација на националниот сојуз МОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА. Настапија 16 екипи од 15 општински и меѓуопштински здруженија. Првото место на годинешното квиз издание и епитет на најдобри квизаџии за 2015 година со освоени 134 поени во финалето и припадна на екипата на МОБИЛНОСТ КУМАНОВО во состав: Страшко Коцевски, Јанчо Ѓорѓевски и Савре Бојковиќ. На второто место со освоени 79 поени се пласира екипата на МОБИЛНОСТ СТРУМИЦА во состав: Дивна Танева, Љубица Боева и Љубе Лазаревски, додека третото место со освоени 57 поени и припадна на екипата на МОБИЛНОСТ КАВАДАРЦИ во состав: Николчо Делов, Ѓоко Костов и Ѓоко Стојанов. На четвртото, најнеблагодарно место во финалето, со освоени 43 поени се пласира екипата на Мобилност Велес во состав: Горан Здравков, Владо Владов и Денис Шаќиров.
Прашањата за квизот, како и во претходните квизови, се дело на познатиот квиз автор Зоран Јорданов (автор на квизот “Енигма” и други квизови на ТВ Сител), водител на квизот беше Бранимир Јовановски, жири комисија работеше во состав Совка Прчева, Дејан Ѓорѓиевски и Тони Пајдаков (воедно и компјутерска поддршка).
Во првиот четвртфинален квиз натпревар се сретнаа екипите на Мобилност: Штип, Свети Николе, Велес и Кочани. По завршување на натпреварот, натамошните борби ги продолжија првопласираните две екипи и тоа на Мобилност Велес со освоени 48 поени и Мобилност Штип со освоени 37 поени. Екипите на Мобилност Свети Николе и Мобилност Кочани го завршија натпреварот со освоени 24, односно 23 поени.
Во вториот четвртфинален квиз натпревар се сретнаа екипите на Мобилност: Скопје 1, Гевгелија, Куманово и Прилеп. По завршување на натпреварот, натамошните борби ги продолжија првопласираните две екипи и тоа на Мобилност Гевгелија со освоени 63 поени и Мобилност Куманово со освоени 60 поени. Екипите на Мобилност Скопје 1 и Мобилност Прилеп го завршија натпреварот со освоени 56, односно 22 поени.
Во третиот четвртфинален квиз натпревар се сретнаа екипите на Мобилност: Битола, Тетово, Кавадарци и Скопје 2. По завршување на натпреварот, натамошните борби ги продолжија првопласираните две екипи и тоа на Мобилност Битола со освоени 87 поени и Мобилност Кавадарци со освоени 42 поени. Екипите на Мобилност Скопје 2 и Мобилност Тетово го завршија натпреварот со освоени 35, односно 34 поени.
Во четвртиот четвртфинален квиз натпревар се сретнаа екипите на Мобилност: Струмица, Дебар, Кичево и Радовиш. По завршување на натпреварот, натамошните борби ги продолжија првопласираните две екипи и тоа на Мобилност Струмица со освоени 107 поени и Мобилност Кичево со освоени 62 поени. Екипите на Мобилност Радовиш и Мобилност Дебар го завршија натпреварот со освоени 32, односно 18 поени.
Согласно пропозициите, беа составени двете полуфинални групи според однапред утврдената шема.
Првата полуфинална група ја сочинуваа екипите на Мобилност: Куманово, Велес, Кичево и Битола. По завршување на полуфиналниот натпревар, натамошните борби во финалето ги продолжија првопласираните две екипи и тоа на Мобилност Велес со освоени 44 поени и Мобилност Куманово со освоени 43 поени. Екипите на Мобилност Кичево и Мобилност Битола го завршија натпреварот со освоени 42, односно 24 поени.
Втората полуфинална група ја сочинуваа екипите на Мобилност: Гевгелија, Штип, Струмица и Кавадарци. По завршување на полуфиналниот натпревар, натамошните борби во финалето ги продолжија првопласираните две екипи и тоа на Мобилност Струмица со освоени 63 поени и Мобилност Кавадарци со исто така освоени 63 поени. Екипите на Мобилност Штип и Мобилност Гевгелија го завршија натпреварот со освоени 54, односно 31 поени.
Остана впечаток дека овој квиз технички беше најуспешен до сега. Новина беше што реварувачите и публиката можеа на видео бим да ги следат прашањата, како и моменталното бодовно салдо. Ова му даде една нова димензија на натпреварувањето, а организаторите размислуваат за идната година да воведат нов тип на прашања кои би вклучувале поред музички прашања и прашања со филмувани инсерти, фотографии и слично.
Општа оценка на присутните беше дека се заврши уште една манифестација од голем интерес за членството на Мобилност Македонија организирана и спроведена на високо ниво.