НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА     

Mobile menu

2 1На 28.10.2015 година во просториите на Фудбалска федерација на Македонија, делегација на Мобилност Македонија одржа едночасовна работна средба со висока делегација на ФИФА, која беше во работна посета на ФФМ. Дискутиравме за можноста да се продлабочи соработката на полето на фудбалската игри, тренерска едукација,, да се направат пристапни стадионите за лицата со инвалидност, да се подигне јавната свест за можностите за лицата со инвалидност и доколку се изнајдат стабилни средства, да се оформат неколку тимови на нашите здруженија во футсал како можност да се организираат и лига натпревари. Состанокот траеше скоро еден час и на крај излеговме со пријатно чувство дека сме на добар пат во комуникацијата и соработката со ФФМ.

Нашата сорабтка придонесе да се срушат архитектонските бариери во „Куќата на фудбалот на Македонија“ и сега таа е комплетно пристапна за лица кои се движат со инвалидска количка, и тоа не само рампата на влезот на објектот, туку и лифт, адаптиран тоалет, паркинг простор и адаптирани трибини на тренинг центарот „Петар Милошевски“. Честитки до раководните лица на фудбалската федерацијата за преземените конкретни активности.