Претседателот на „Мобилност Битола“ со највисокото признание од НСИОМ
Во рамките на манифестациите по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на лицата со инвалидност – 3 декември, претседателот на „Мобилност Битола“, прим. д-р Нико Јанков, со одлука на Националниот совет на инвалидските организации на Македонија (НСИОМ), беше одликуван со највисокото признание – плакета, која се доделува на институции, здруженија и поединци, а секоја година се доделува по една.
Оваа година, на предлог на делегацијата на НСТИЛМ, Советот на НСИОМ ја донесе оваа одлука во која при образложувањето се искажа дека признанието плакета се доделува за исклучителен придонес, заслуги и лично залагање за подобрување на правата на лицата со инвалидност во Република Македонија.
Во своето излагање по примањето на плакетата, претседателот изјави дека му е чест и голема привилегија и дека како и досега ќе продолжи со исто темпо да дава придонес во севкупните процеси кои се врзани со подобрувањето и прогресот на правата и сите други активности во живеењето на лицата со инвалидност во нашата земја.