НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА     

Mobile menu

1 4            Амбасадата на Шведска, по повод 3-ти Декември  Меѓународниот ден на лицата со инвалидност, на тема „Пристапност“ организираше изложба на фотографии  на познти личности-граѓани со инвалидитет од Шведска.

            Изложбата ја отвори амбасадорот на Шведска во Македонија Н.Е. Г-дин Матс Стафансон. Во своето обраќање амбасадорот истакна: Пристапноста оди и понатаму од рампи за инвалидски колички и здравствена нега. Во крајна линија, пристапноста има врска со демократијата, човековите права и ставовите.... Секој треба да  може да учествува во општеството со подеднакви услови.

            Изложбата беше  посетена од многубројни посетители како и од претставници на невладини организации  и националните инвалидски организации.

            Шведската амбасада веќе ја подготвува изложбата за наредната година во која ќе бидат вклучени  и познати личности со инвалидност од Македонија.