НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА     

Mobile menu

1 2Од 1 јануари 2015 година три новини за ортопедски помагала на товар на ФЗОМ

Соработката помеѓу Националниот сојуз на лицата со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија и Фондот за здравствено осигурување на Мкедонија резултираше со новини во делот на ортопедските помагала, како поквалитетно решение во корист на осигурениците.

На 29.12.2014 година во просториите на ФЗОМ се одржа прес конференција на која присуствуваа директорката на ФЗОМ, Маја Парнарџиева-Змејкова и претседателот на Мобилност Македонија, Бранимир Јовановски. Директорката на ФЗИОМ, Маја Парнарџиева-Змејкова, ги презентираше новините истакнувајќи дека правото за електромоторна инвалидска количка - скутер се однесува за сите лица кои имаат одземен од и одземена една или две раце но со сочувани движења за безбедно управување на скутерот. Посочи дека првпат се остварува ново право после 2000 година во сегментот за инвалидски колички. Фондот за воведувањето на скутерот како ортопедско помагало годишно дополнително ќе одвои 14 милиони денари. Ова право за да го оставарат околу 1.000 граѓани во следните пет години, потребно е да обезбедат конзилијарно мислење во соодветната Клиника за својата дијагноза како и дополнителни специјалистички прегледи со цел да ни потврдат дека се способни за управување со електромоторна инвалидска количка-скутер односно дека безбедно може да ја користат во сообраќај. Електромоторните инвалидски колички – скутери се движат на електрична енергија, со едно полнење можат да поминат од 40-45 км., имаат специјално прилагодени седишта за полесен влез и излез на лицата со инвалидност, се движат со брзина од 10-15 км. на час, но лимитирана на максимални 25 км. на час.

„Во 2015 година очекуваме 200 од 1.000 граѓани веќе да ги подигнат електромоторните колички. Тоа се или нови лица кои имаат ваков вид инвалидитет или постојни кои досега користеле универзална количка, а сега им истекува периодот на нејзино користење и кога доаѓаат во подрачните служби на Фондот може наместо таква да подигнат електромоторна инвалидска количка - скутер и собна количка дополнително“ –истакна Маја Парнарџиева Змејкова.

Претседателот на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија, истакна дека иницијативата е за поздравување и дека ќе ја продолжат соработката со Фондот и натаму во насока на реализирање и на останатите барања за подобри и пософистицирани ортопедски помагала за лицата со телесен инвалидитет.

„Електромоторниот скутер ќе биде од голема корист за лицата над 65 години со претпоставка дека нивниот организам заслабнува и дека туркањето со силина на рацете за придвижувањето на инвалидската количка за нив е релативно потешко за разлика од младата генерација, како и за лицата до 26-годишна возраст кои се многу активни во смисла одење на училиште, на работа, забавен живот, спортски активности итн.“, истакна Јовановски.