НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА     

Mobile menu

Everest logo normalВрвна едукација со поддршка од ментори достапна од дома

Скопје, 13 декември 2016. Со потпишување на меморандумот за соработка помеѓу Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – МобилностМакедонија, Полио Плус, РЕСУРСЕН ЦЕНТАР на родители на деца со посебни потреби, Отворете ги прозорцитеи Марјановиќ Едукација, лицата со телеснаинвалидност ќе имаатможност, учејќи на далечина со помош на ментори, да стекнат знаења и вештини со кои ќе се оспособат за некои од најбараните работни места во област на веб технологиите, дизајнот и развојот.Освен стручни технички студии, на заинтересираните ќе им биде понудена можност да следат настава за изучување англиски јазик и Microsoft Office апликации.

Студиите ќе се реализираат на веб академијата Еверест (www.everest.mk),основана од Марјановиќ Едукација со помош на Фондот за иновации и технолошки развој. Студирањето на Еверест ќе се изведува според методологијата менторирано учење на далечина, која функционира така што студентот прво следи однапред снимени предавања на македонски јазик во термин и со динамика по негов избор a потоа работи на практични задачи кои ги доставува до ментор, со кого подоцна има 1-на-1 онлајн консултации. Учејќи преку работа, студентите постепено градат сопствено онлајн дигитално портфолио со што на идните работодавци или клиенти ќе имаат можност да им ги докажат стекнатите вештини.

Клучните придобивки на овој начин на учење се заштеда на време и пари, елиминирање на потребата од патување, подигнување на квалитетот на учењето, прилагодување на темпото и распоредот според сопствени можности и потреби и, најважното, поддршка од искусни ментори.

По завршувањето на студиите, Марјановиќ Едукација ќе продолжи да им помага на студентите во нивните активности за постигнување финансиска независност така што бесплатно ќе посредува во добивање пробна работа и вработување преку мрежата партнерски компании во земјата и странство. Дополнително, на студентите ќе им бидат ставени на располагање сите ресурси кои ќе им помогнат во обезбедување работа од дома како фриленсери.

"Лицата со телесен инвалидитет имаат потреба од доедукација и стекнување на вештини и знаења конкурентни на пазарот на трудот. За ова сведочи податокот од Агенцијата за вработување на РМ според кој на почетокот на оваа година, од 1584 активни баратели на работа (лица од сите видови на инвалидитет) 863 биле без образование или со завршено основно образование. Ако на оваа бројка се додадат 313 лица со недовршено средно образование, очигледно е дека доедукацијата им е неопходно потребна. Ова соработка дава можност за нивно стручно оспособување од дома, со што се премостува и една од основните бариери за нивна непречена едукација, а тоа се архитектонските бариери и непристапноста на објектите во кои се изведува наставата од основно, средно и високо образование, а оние лица со телесен инвалидитет кои ќе ја завршат обуката, ќе имаат можност за вработување и работа од дома.“- изјави Бранимир Јовановски, претседател на Мобилност Македонија.

"Едукацијата е една од главните алатки во борбата против феноменот хендикеп а со тое и една од главните водилки кон создавање на пристапно, отворено и инклузивно општество. "- изјави Звонко Шаврески, претседател на Полио Плус.

“Оваа програма и концепт ќе им овозможи на лицата од нашата заедница да стекнат квалификации кои ќе ги позиционираат повисоко на пазарот на трудот и мораме да признаеме дека ова е прв пат некој од овие простори да размислува и да понуди ваква “СВЕТСКА“ можност, а потенцијалот на економската независност на овие лица е многукратен и јасен“– изјави Јасна Мандиќ, претседател на Ресурсниот Центар на родители на деца со посебни потреби.

„Оваа соработка е одлична можност лицата со попреченост да го надградат тоа што го стекнуваат во Отворете ги прозорците и професионално да се реализираат. Технологијата и нејзиниот развој на сите ни го олеснува живеењето, но на лицата со попреченост им овозможува многу повеќе од тоа. Личниот развој, подобрувањето на квалитетот на животот и добросостојбата во заедницата се наша определба и се радуваме кога на патот ќе сретнеме соработници од бизнис секторот кои имаат иста цел.“- изјави Тони Бачваровски, претседател на ОТВОРЕТЕ ГИ ПРОЗОРЦИТЕ.

“Соработката со МОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА и останатите организации ќе ни овозможи да ја оствариме нашата примарна цел, да им помогнеме на лицата со телесен инвалидитет да остварат важна животна цел – да стигнат до работни места преку соодветно стручно оспособување” изјави Александар Марјановиќ, основач на Марјановиќ Едукација и веб академијата Еверест, додавајќи дека “нема поголемо задоволство од тоа да ја видите насмевката на лицата на оние на кои сте успеале да им помогнете да ја остварат нивната цел.”

Според договорот, Марјановиќ Едукација ќе обезбеди привилегирани цени за школување на лицата со телесен инвалидитет.

Со цел да им помогне на заинтересираните да почувствуваат како функционира учењето на далечина, но и да дознаат нешто повеќе за работи поврзани за веб технологиите, веб дизајнот и градење кариера во оваа област, Марјановиќ Едукација продуцираше 4 бесплатни курса, кои се достапни веднаш по регистрација на www.everest.mk/kategorija/бесплатни/ За следење на курсевите потребно е поседување персонален компјутер, интернет врска и слушалки со микрофон.

Контакт

  • МОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА
    Софка Прчева, генерален секретар, тел 075437 381, 02 3211 280,
    Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.,
  • ПОЛИО ПЛУС
    Елена Кочоска, програмски координатор, тел 070 34 64 96,
    Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.,
  • РЕСУРСЕН ЦЕНТАР
    Јасна Мандиќ, претседател, тел 078 449 852,
  • ОТВОРЕТЕ ГИ ПРОЗОРЦИТЕ
    Магдалена Димкова, 30 68 630
    Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.,
  • МАРЈАНОВИЌ ЕДУКАЦИЈА / Веб академија ЕВЕРЕСТ
    Александар Марјановиќ, управител, тел 078 267 837,
    Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.,