Новите лимити за здравствено осигурување согласно нето приход остварен во семејството за 2016 година изнесуваат:
-До 120.960,00 денари – здравственото осигурување е на товар државата, односно Министерството за здравство плаќа придонес за здравствено осигурување;
-Од 120.960,00 денари до 197.262,00 денари ако во последните два месеца оствариле вкупен приход помал од 20.160,00 денари – здравственото осигурување е на товар државата, односно Министерството за здравство плаќа придонес за здравствено осигурување;
-Од 120.960,00 денари до 197.262,00 денари – здравственото осигурување го плаќа осигуреникот во износ од 50% на просечната плата односно, плаќа 1.200,00 денари месечно придонес;
-Над 197.262,00 денари – здравственото осигурување го плаќа осигуреникот во износ од 100% на просечната плата односно плаќа 2.400,00 денари, месечно придонес.
Подетални информации ќе најдете на линкот - www.fzo.org.mk.