На 21 фебруари се одржа ЕСРП Конференција (Консултации и следни чекори) со која се заокружи процесот на подготовка на Програмата за реформи во вработувањето и социјалната политика (Employment and Social Peform Programme – ESRP)
ЕСРП Програмата беше изготвувана во тесна соработка и координација со Европската комисија и истата претставува значајна сеопфатна секторска стратешка рамка, која ги утврдува клучните предизвици, приоритетни политики, реформи и конкретни мерки во областа на пазарот на трудот и вработувањето, човечки капитал и вештини, социјална заштита и социјална инклузија за периодот до 2020 година.
Во првата сесија на конференцијата на ЕСРП на РМ беше претставен процесот на подготовка на Програмата, моменталната состојба, консултации и идни чекори.
Во втората сесија беа преставени ЕСРП искуставта од земјите во регионот: Црна Гора и Србија, подоговката и имплементацијата на ЕСРП, предизвици, искуства и научени лекции.
Во третата сесија беше претставен ИПА II финансиска подршка и поврзаност со ЕСРП Програмата. Беше претставен нацрт Секторски плански плански документ и Акциска програма.
Конференцијата заврши со дискусија, завршни согледувања и идни чекори.