НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА     

Mobile menu

13На 20 фебруари на Здружението на лица со телесен инвалидитет – МОБИЛНОСТ ВЕЛЕС, на свечен начин им беше предадено комбе – возило за превоз на лица во инвалидска количка. 

Комбето е донација од германската компанија „Дрекселмаер“, со посредство на германската амбасада и Општина Велес.
Се работи за патничко возило – комбе на кое е вградена хидроулична рампа за непречен влез и излез од комбето при превоз на лица во инвалидска количка. На овој начин општината им излезе во пресрет на своите граѓани кои се со инвалидитет и имаат потешкотии при комуникација и движење. 


Донацијата е во износ од 20.000 евра. Средставта за хидроуличната рампа беа собрани на Божиќниот панаѓур во организација на германската амбасада во Скопје. Општина Велес ги покри трошоците за регистрација и ќе ги преземе трошоците одржување на комбето во текот на оваа година.
На настанот присуствуваа Амбасадорот на Германија во Република Македонија Кристине Д. Алтхаузер, генералниот директор на Дрекселмаер Лукас Мирингер, градоначалникот на општина Велес Славчо Чадиев,, претседателот на Мобилност Велес Горан Здравков, генералниот секретар на Мобилност Македонија Софка Прчева, и други претставници од општината, претставници од германската компанија, од германската амбасада и членови на Мобилност Велес.
Претседателот на Мобилност Велес, Горан Здравков на компанијата Дрекселмаер, на германската амбасада и на градоначалникот на општина Велес им додели плакети во знак на благодарност за дадената подршка и обезбедување на комбето. Тој истакна дека комбето ќе биде на располагање на сите категории на инвалидни граѓани во Велес, како и за потребите на учениците со попреченост од специјалното училиште „Маца Овчарова“.