НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА     

Mobile menu

1На 23 фебруари во канцеларијата на Европската Комисија во Скопје, беше промовиран Извештај од спроведеното истражување „Потреби и брања за услуги од професионална рехабилитација и персонална асистенција“. Проектот е подготвен од тимот кој го имплементира ИПА проектот „Промоција на услуги за социјална инклузија“.

Во однос на потребите од барања за услуги за професионална рехабилитација, специфичните цели на проектните активности се однесуваа на: проценка н ниво на знаење, ставови и практики во однос на професионалната рехабилитација на лицата со инвалидност; идентификација на факторите за бариери, недостаток на услуги, недостаток на вештини, мотивација и друго; идентификување на потребите и барањата на лицата со инвалидност за професионална рехабилитација.

За целите на проектот беа дефинирани две целни групи: лица со инвалиднсот на работоспособна возраст (18-62 години) и чинители (даватели на услуги, релевантни НВО и работодавачи). Вкупниот примерок вклучуваа 500 испитаници

Препораките кои произлегоа од истражувањето по однос на професионалната рехабилитација се:

-НВО, Заштитните друштва, Заводот за социјални дејности и одредени образовни институции да бидат искористени како организации кои можат да бидат даватели на професионална рехабилитација;

-Лицата со инвалиност треба да имаат информации во врска со услугите за професионална рехабилитација и персонална асистенција;

-организација на обуки за професионална рехабилитација кои ќе ги обучи лицата со инвалидност како подобро да функционираат во секојдневниот живот;

-воведување на персонална асистенција, специјален транспорт, медицинска и физичка рехабилитација, пристапно работно место и друго.

Во врска со персоналната асистенција препораките се :

-воведување на персонална асистенција за лицата со инвалидност како начин да се подигне квалитет на живот на лицата со инавлидност;

-организирање на обуки за персонална асистенција и сертификација на давателите на услуги со цел да се постават стандарди за услугата персонална асистенција ;

-услугите за персонална асистенција треба да бидат обезбедени од НВО, центри за социјална работа и Заводите на социјална грижа;

-работа со Агенцијата за вработување и компаниите од отворен пазар за да се рекламираат работните места и интегрираат лицата со инвалидност во работни активности;

-персоналната асистенција треба да се фокусира на примателите бидејќи повеќето од нив (58%) изјавиле дека им е потребна персонална асистенција, и друго