НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА     

Mobile menu

4Национален семинар „Децата со попреченост низ лупата на Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост’ - Хотел „Континентал“ - Скопје 24.02.2017

Семинарот го отвори министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими, поздравен говор имаше Душан Нешевски - претседател на НСИОМ, модератор на семинарот беше Владо Крстовски од Порака. Во првиот работен дел говореа: г-дин Никола Бертолини - раководител на операции во Делгацијата на ЕУ, г-дин Патрик Кларк - член на Извршниот комитет на ЕДФ, г-ѓа Елизабет Ериксон - заменик претставник на УНИЦЕФ, г-дин Изет Мемети - Народен правобранител, а исто така говореа и децата со попреченост: Кристијан Божиновски, Марија Стоиловска и Ана Пулоска.

Во вториот работен дел говореа повеќе излагачи, меѓу кои и претседателот на Мобилност Македонија - г-дин Бранимир Јовановски, на тема; „Бариерите со кои се соочуваат децата со телесна попреченост“.