НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА     

Mobile menu

1На 27.02.2017 година, в о канцеларијата на Мобилност Македонија беше одржан работен состанок со г-дин Уфук Апајдин од Турција - директор на балканската групација (Македонија, Албанија, Косово, Молдавија и Црна Гора) за фармацевтската компанија "ROCHE".

На состанокот присуствувааи д-р Александар Смоковски - одговорно лице за квалитет и медицински менаџер, и Наталија од "ROCHE", а Мобилност Македонија ја претставуваа претседателот Бранимир Јовановски, генералниот секретар Софка Прчева, претседателот на Мобилност Скопје - Дејан Ѓорѓиевски и членот Ана Карајанова - Димитрушева.

По првичното запознавање и претставување на "ROCHE" од страна на директорот Уфук, и на Мобилност Македонија и здружените членки од страна на претседателот Јовановски, г-дин Уфук не’ запозна со активностите на компанијата за пронаоѓање на лекови и за специфичните истражувања од повеќе области кои траат и по 10 години пред да се финализира некој лек, кои се мошне скапи за лек или метод кој можеби на крајот и нема да биде одобрен за употреба. Целта е да се пронајде фармацевтски препарат со кој успешно ќе се третираат пациентите заболени од канцер, хемофилија, мултипла склероза, ревматоиден артритис и уште многу други заболувања.

Г-дин Уфук истакна дека одлично го познава нашето поднебје бидејќи е роден во Битола и на 3 години неговото семејство се иселило во Турција, меѓутоа со неговите експертизи на одделни теми, покажа дека е вистински професионалец во областа.

Се договоривме да ја продлабочиме нашата соработка со заеднички активности кои ќе опфатат во прво време едукација за истражувањата на "ROCHE" за третман на мелтипла склероза и за ревматоиден артритис, презентација на медикаменти за спомнатите заболувања кои до крајот на годината се очекува да бидат пуштени во промет, потоа организација на тематски средби, тркалезни маси и други активности, се’ со цел да се добијат повеќе информации за можностите и правата на пациентите како што истакна г-дин Уфук.