НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА     

Mobile menu

2Мобилност Македонија денес им ги додели инвалидските колички на електромоторен погон на нашите членови: Жарко Петковски од Скопје, Бајрам Аземи од Тетово, Мери Тошевска од Битола и Александар Иванов од Штип.

Количките се набавени од Мобилност Македонија во текот на минатата година од наменски средства добиени од Министерство за труд и социјална политика кои останaa од проектот за инклузивни игралишта за 2015 година (3 колички на електромоторен погон), меѓутоа при одлучување по огласот комисијата утврди потреба од 4 колички,и Мобилност Македонија донесе одлука да се купи уште една и да им се доделат на членовите на кои им е потребна.


Количките се од производителот Ото Бок од Германија, а набавени се преку Центарот за ортотика и протетика „Славеј“-Скопје.