НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА     

Mobile menu

1По повод 8-ми Март - Меѓународниот ден на жената, Здружението Мобилност Скопје, во соработка со Националниот совет за родова рамноправност, Дом за стари лица „Мајка Тереза“ од Злокуќани, Посебното основно училиште „Иднина“ и организацијата „ЗУР Артикрафт, во просториите на Даре Џамбаз организираше изложба и базар на ракотворби. Одбележувањето и поставената изложба беа посетени од голем број на наши членови и медиумски покриено од повеќе електронски медиуми.

Почетокот на одбележувањето беше во 11,00 часот со пригоден говор на претставничките од гореспоменатите здруженија.

Во 12,30 часот учесничките заминаа во градски парк „Жена Борец“ каде беше положено свежо цвеќе за паднатите жени - борци, а во 14,00 часот пред платотот на ТЦ ГТЦ беше одржан свечен говор за значењето, чествувањето и потребите од одбележувањето на празникот на жената 8-ми Март.

По завршувањето на протоколарниот дел од одбележувањето, сите членки на Мобилност Скопје, учеснички на маршот, како и членовите од другите поканети здруженија од Битола, Велес, Врање и други, го продолжија дружењето во ДХО „Даре Џамбаз“.