НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА     

Mobile menu

7Општина Карпош е прва локална самоуправа од територијата на Градот Скопје, на која се реализира проектот ,,МАПАТОН“. Станува збор за вклучување на лица со инвалидност во имплементација на андроид апликација преку приватните мобилни уреди кои тие ги користат и која ќе им овозможи интерактивност во мапирањето на пристапните места.

На иницијатива на УНДП, оваа активност се спроведува во соработка со Општината, и со Националните инвалидски организации меѓу кои и Мобилност Македонија, сé со цел да се мапираат сите пристапни места но пред се, бариери со кои се соочуваат лицата со инвалидност на местата каде што живеат. Како што истакна помошник- раководителката на Секторот за дејности од јавен интерес Гордана Стојчевска- Зафировска, Општина Карпош во континуитет им помага за лицата со инвалидност, односно се грижи за нивните потреби, со што ќе можат полесно да ги завршуваат своите секојдневни обврски.

“Денеска, во фискултурната сала на ООУ ,, Лазо Трповски“ со полчасовната обука која ќе им се изврши на вработените од урбаните заедници од Општина Карпош како и на дефектолози, практично ќе започне овој проект инициран од УНДП, а со задоволство прифатен од Општина Карпош. По обуката, вработените со смарт телефони ќе ги фотографираат и детектираат сите непристапни објекти (јавни и комерцијални, тротоари и пешачки патеки), кои се пречка за извршување на обврските, или кои им го попречуваат движењето на лицата со хендикеп, нагласи Стојчевска- Зафировска.