НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА     

Mobile menu

fzo logo MKВе известуваме дека денес, 02.03.2017 година, Фондот за здравствено осигурување на Македонија ги потпиша договорите за индивидуалните ортопедски помагала со ортопедските куќи (сите од Скопје), кои аплицираа на објавеиот оглас во декември и тоа: „Центар за ортотика и протетика - Славеј“, „Ортопедија Илинден“ и „Ортопро Етер“.

Сите наши членови кои имаат потреба од ортози, протези, корсети...сега можат да појдат до наведените ортопедски куќи со заверен налог да си го остварат своето право без дополнителни трошоци (само со плаќање на партиципација како и до сега).


Што се однесува до средствата за инконтиненција, особено за влошки за инконтиненција, добивме информација од директорот на фондот дека дел од аптеките не ги продолжиле договорите за одредени артикли и се очекува ова да се надмине во следниот период.